Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 163828 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #105 на: 24 Јули 2020, 09:45:25 am »
Не знам дали се разбираме, ај во лер нека е како и да е.
Ама во брзина без стиснат кумплунг да завергла, тука јас гледам проблем. Па 2010 е колата мајку му. Главна функција му е тоа на прекидачот за кумплунг, да оневозможи верглање без сиснат кумплунг во брзина убацен мењачот.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #106 на: 24 Јули 2020, 09:54:12 am »
Затоа 5 пати по ред пробував, да не се случува еднаш да сака да запали, па да не сака...
Е сега може 5 пати по ред да се погодило кога е зезнато, ама сумњам.

Јас мислам дека колава воопшто нема neutral position sensor/switch.
Може моделите со start/stop имаат.

https://www.seatcupra.net/forums/threads/neutral-position-sensor-start-stop-fault-seat-leon-se-1-6-2014.439558/

Линков е за понов Сеат, да. Ама вчера другар со Фабија од 2011 исто спомна дека кај него воопшто не вергла кога е во брзина и без стистнат кумплунг, ама има старт/стоп.

@Mikius - Тоа што ти го збориш (clutch pedal switch) сега читам дека е задолжено и за темпоматот (се прекинува ако зеза clutch pedal switch)
Немам никакви проблеми со темпоматот, го пробував до сега 3-4 пати на отворено (не се исклучува сам од себе и тн).
Немам ни никакви грешки исчитано за ова. Мислам дека можам да го исклучам како опција дека е расипано.
« Последно менување: 24 Јули 2020, 10:10:35 am balanar »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #107 на: 24 Јули 2020, 10:11:01 am »
Пред малку пробав убацена во брзина, без рачна и без кумплунг. Срипа малку напред и се изгаси (не пробав да стиснам кумплуг, ваљда ќе продолжеше да работи, не знам).



Брат те молам повеќе ништо не пробувај сам, само штета си правиш. Сакаш ти со алансерот да ја возиш колата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #108 на: 24 Јули 2020, 10:17:05 am »
Како мислиш - Не пробувај сам. Мајстор нема да го проба истото? Нежно ќе ја запали на тој начин?
Пробав сега и тоа е, не ја заборавам дневно во брзина и да ја стартувам така секој ден.

Па мора да се проба како функционира колава.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #109 на: 24 Јули 2020, 10:18:50 am »
Еве се слушнав со братучед ми, го продал Леонот.

Инаку, Леонот му беше 2006та, во лер му палел без стиснат кумплунг, но му се случило неколку пати да ја заборави во брзина и да го сврти клучот за да запали без стиснат кумплунг и не му заверглувала.

Исто така му се случило со стиснат кумплунг во брзина да не сака да му завергла,  на сервис му го смениле фамозниот cluch pedal switch.

Да резимираме, не смее да завергла без стиснат кумплунг во брзина.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #110 на: 24 Јули 2020, 10:20:56 am »
Во брзина кола не се пали без притиснат куплунг. ФАКТ!
Моторот е дирекно поврзан со менувачот, а тој со тркалата, што значи ако не грешам, со алансерот како вергла ќе ја движи и колата за да запали. Ова не знам и дали е возможно воопшто, не пак некој да пробува.  ???

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #111 на: 24 Јули 2020, 10:22:04 am »
Еве се слушнав со братучед ми, го продал Леонот.

Инаку, Леонот му беше 2006та, во лер му палел без стиснат кумплунг, но му се случило неколку пати да ја заборави во брзина и да го сврти клучот за да запали без стиснат кумплунг и не му заверглувала.

Исто така му се случило со стиснат кумплунг во брзина да не сака да му завергла,  на сервис му го смениле фамозниот cluch pedal switch.

Кога зеза - кај мене заверглува здраво еднаш, како да губи снага и се гаси, тоа е различното од неговите симптоми.

Цитат
Исто така му се случило со стиснат кумплунг во брзина да не сака да му завергла

Oва не сум го пробал до сега ниеднаш, баш ќе видам подоцна како ќе се однесува вака.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #112 на: 24 Јули 2020, 10:24:47 am »
Значи уште еднаш, си ја заборавил во брзина и сакаш да ја запалиш без стисната педала за кумплунг, едноставно не смее да завергла.

Ако завергла, ти возиш Југо ;D или дефект ти е колата :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #113 на: 24 Јули 2020, 10:28:07 am »
Значи уште еднаш, си ја заборавил во брзина и сакаш да ја запалиш без стисната педала за кумплунг, едноставно не смее да завергла.

Ако завергла, ти возиш Југо ;D или дефект ти е колата :)

Сега се чув со другар, девојка му има Леон од 2008-ма.
И тој заверглувал/срипувал во брзина, без кумплунг.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #114 на: 24 Јули 2020, 10:55:50 am »
Оваа генерација на Леон пали и без кумплунг, тоа е сменето кај новата генерација од 2013 година па нагоре.

Доколку замаецот ти е за промена, може да го детектираш на прво палење сабајле, доколку со пуштен кумплунг се јавува нерамномерно тропање и тропањето се губи со стискање на кумплунгот. Тропањето трае околу 2 минути и го снемува, а е прилично гласно.

Доколку замаецот тропа и на загреана кола, тогаш прво нешто што треба да направиш е да го смениш :)

П.С. Пробај меѓу секое палење да го извадиш клучот од бравата, дали ќе се случи да нејќе да вергла. Мислам дека ако направиш неуспешно палење, мора да го извадиш целосно клучот од бравата за да може пак да завергла.
« Последно менување: 24 Јули 2020, 11:02:03 am andrej_111 »
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #115 на: 24 Јули 2020, 11:26:23 am »
П.С. Пробај меѓу секое палење да го извадиш клучот од бравата, дали ќе се случи да нејќе да вергла. Мислам дека ако направиш неуспешно палење, мора да го извадиш целосно клучот од бравата за да може пак да завергла.

Е ова не сум го пробал, ќе видам баш нареден пат.

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 941
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #116 на: 24 Јули 2020, 12:13:48 pm »
Честитки! Со здравје да се вози! И секоја чест на педантноста! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #117 на: 24 Јули 2020, 13:11:31 pm »
Општо.

https://fr.vermin-club.org/symptoms-of-bad-or-failing-clutch-safety-switch-3819

Веќе не замарам, најверојатно има различни "производства" па некои модели можат да заверглаат без кумплунг дури и ако се во брзина.

Братучед ми имал еден од симптомите Леон 2006 од увоз.

ПС не мора да значи дека и кај Баланар е тој проблем, но од неговото кажување натаму води.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #118 на: 24 Јули 2020, 13:47:34 pm »
Во брзина кола не се пали без притиснат куплунг. ФАКТ!
Моторот е дирекно поврзан со менувачот, а тој со тркалата, што значи ако не грешам, со алансерот како вергла ќе ја движи и колата за да запали. Ова не знам и дали е возможно воопшто, не пак некој да пробува.  ???
Vozmozno e,jas taka imam trgnto kola defekt nastrana od patot,namesto da turkam da se macam,verglaj vo brzina,nisto nema da mu bidi.Ne dramatizirajte od nisto.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #119 на: 24 Јули 2020, 14:02:30 pm »
Тоа можи така изгледа дека ништо не му е, ама кој можи да знај точно. Јас би ја туркал, каде дефект па и уште алансер да менувам.
Па на крај краева секој со својата кола.  8)