Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169084 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #930 на: 07 Мај 2022, 15:04:42 pm »
Бо-Ми??

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #931 на: 07 Мај 2022, 15:53:04 pm »
Бо-Ми??

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Даа, не ми текна. Исто и Мотоцентар - Момин Поток, не знам каде е подобро.

Мада секако денес нема да стигнам...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #932 на: 07 Мај 2022, 23:07:13 pm »
Малку подолг пост, а и ќе се надоврзам зошто барав центрирање (од нешто фрка, дури и заборавив дека и самите ми посочија дека центрираат во Момин Поток, ама немав време да одам).

Имено, денес бев до Мотоцентар - Ист Гејт за исправање на бандажите и балансирање на гумите.
Имав закажано во 13:00 часот. Отидов малку порано, укажав што сакам да се направи, го оставив клучот и фатив нагоре да акам по дуќаните.
Да напоменам дека дечкото од Мотоцентар (Ѓуриша) ми звонеше 3-4 пати за да бидам во тек, прво откако ги проверија гумите, па потоа дека сите 4 бандажи се криви, дека не бива дијагностичко балансирање, туку ќе прават обично (ласерско). Многу профи однос.

- Ќе почнам за бандажите.

Кога одев кон Скопје (а со денови наназад), се осеќаше таа неправилна вибрација над 120km/h, вибрираше од гумите, се осеќаше и на волан и кај одмарачот за ногата. Баш онака како да се врти неправилен круг.
Во Мотоцентар, очекувано излезе дека сите 4 се криви. Чинеше за моите бандажи (17") 700 денари од бандаж и платив вкупно 2800 по таа ставка.
На враќање кон Штип, колата СПИЕ. Не можев да ја препознаам буквално, 150-160km/h, абе кај одморачот за ногата нема ништо, нормални вибрации од тркалање. Дури и во кабината беше многу потивко.
Не знам што правеле и како пустеле во Мотоцентар со тоа новата машина за исправање бандажи, ама од мене имаат секаква препорака.

- Делот за балансирање и наводно неправилното абење гуми.
Кога ги извадиле гумите (пред да ги исправаат бандажите) ми посочија дека имале ептен мала шара стриктно на надворешниот дел од гумите. Затоа не можело да се направи дијагностичко балансирање (онаа машината со контра - ваљакот), па ќе правеле обично (ласерско).
Со гумите имам поминато 15.000km за нецели две години. Секогаш гледам да го држам притисокот пропишан на капачката за гориво (2.4 напред, 2.2 назад). Стварно не знам од што би биле повеќе „изедени“ на надворешниот дел, освен некој механички проблем на предницата што го немам забележано. Додуша, никогаш ја немам носено колата на центрирање откако е во мене, ама ќе ја носам деновиве или во БоМи или во Момин Поток или во Штип. Некако испаничено ми изреагираа од Мотоцентар, демек ептен се тенки, дека треба што поскоро да ги менувам и бев целиот прашалници сам во себе. И сега не знам што да правам. Ај да ја носам на центрирање, ама ќе треба ли и нови гуми у пм...
Ги сликав сите 4 гуми од надворешната страна откако се вратив во Штип, па посочете со постручно око:

Предна десна:


Задна десна:


Задна лева:


Предна лева:


Предна лева (2):


Севкупно, во Мотоцентар ме чинеше 3800 денари.



_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Mалку естетска промена на подобро.
Пред да заглавам во Ист Гејт, поминав до АутоКинг да си купам украсни педали. Цена - 1200 денари.



Пред:


Потоа:


Утепав 2 часа да ги наместам трите, најмногу време изгубив за footrest-от. Требаше да се извади рачката за хаубата, двете пластики, да се направат дупки во теписонот. Малку пипава работа бидејќи нема баш простор за маневрација, ама мислам дека излезе одлично и покри се што требаше да покрие.
Ја е*ав работата со педалата за кумплунг. Има две гумени пипци кои се задебелени, па тенки на крајот (како печурка за да држи) и влегуваат во дупката на самата метална педала.



Не знам што ми требаше да пробам да ги извадам новиве за да ги поднаместам, се скинаа овие и сега не држи баш најдобро, ама не ни паѓа. Јас како што сум цепидлака, ќе ги средам или со секундарен лепак (гел) или ќе гледам да најдам само иста педала.
Педалата за кочница си легна како шамар на будала.
Педалата за гас не ни пробав да ја наместам затоа што знам дека ќе се измачам, сите се проблематични кинескиве од овој модел. Планирам кај мајстор да ја извадиме целата педалата (не се вади тешко) и така извадена да ја монтирам по пропис.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #933 на: 07 Мај 2022, 23:19:40 pm »
Кое малце месо? Вака од око излгеда на 4.5-5 мм дај со паричка сликај. Не е гума од лада нива па да има 10 мм... Јас незнам само како ви се носи кола во мотоцентар, може имаат апаратура современа ама луѓе имаат како во 60-тите..До сеа 2 пати кај усје ме имаат заборавено да ги сменат гумите на закажан термин, еднаш на летната имало шајка и така ја спакувале. Златен борче на 100 метри од кај нив барем како што треба ке завршиш работа :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #934 на: 07 Мај 2022, 23:24:43 pm »
Кое малце месо? Вака од око излгеда на 4.5-5 мм дај со паричка сликај. Не е гума од лада нива па да има 10 мм... Јас незнам само како ви се носи кола во мотоцентар, може имаат апаратура современа ама луѓе имаат како во 60-тите..До сеа 2 пати кај усје ме имаат заборавено да ги сменат гумите на закажан термин, еднаш на летната имало шајка и така ја спакувале. Златен борче на 100 метри од кај нив барем како што треба ке завршиш работа :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Ќе сликнам баш нешто утре со паричка пикната во шарата, како за споредба. Заборавив прееска у пм.
И мене ме фатија неспремен со малата шара, а еден куп поголеми камчиња се заглавуваат баш на надворешните шари. Да е плитко - нема....
« Последно менување: 07 Мај 2022, 23:31:27 pm balanar »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #935 на: 07 Мај 2022, 23:32:36 pm »
Добро е што не ти рекле и 4 нови бандажи да купиш, пошто и тоа продаваат ;D Не заебавај што гумите имаат само 15К км терај и не му ја мисли.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #936 на: 07 Мај 2022, 23:54:01 pm »
Јас сабајлево ја носев кај локален вулканизер кај шо и ја носев стално,на сите тркала имаше по еден штраф кој не можеа ни со пиштол пневматски да го одштрафат па мораше со чукање и лост, благодарение на битолскиот мотоценар.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #937 на: 08 Мај 2022, 00:16:38 am »
Јас сабајлево ја носев кај локален вулканизер кај шо и ја носев стално,на сите тркала имаше по еден штраф кој не можеа ни со пиштол пневматски да го одштрафат па мораше со чукање и лост, благодарение на битолскиот мотоценар.

Имам пишувано дека кај Кавала ми пукна гума кога го имав Бравото, па едвај со лост од дечките Помош на пат (онаа автопатска што кружат со комбе) го одвртевме. Тогаш гумите ми беа ставани во Мотоцентар, мада рака на срце, денес не знам со што стегаа. Знам дека имаат момент клуч, дури и си запишав на телефон потсетник дека е 120Nm да им кажам - и заборавив, нормално.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #938 на: 08 Мај 2022, 09:54:49 am »
Toa so gumite napred mislam deka ke go reshish so rotacija predna leva na zadna desna, mislam deka i po prrocrdura na leonot e taka.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #939 на: 08 Мај 2022, 12:30:22 pm »
Toa so gumite napred mislam deka ke go reshish so rotacija predna leva na zadna desna, mislam deka i po prrocrdura na leonot e taka.

Не разбрав за кое мислиш? :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #940 на: 08 Мај 2022, 16:46:13 pm »
Pogolema istroshenost na nadvoreshniot del ma prednite gumi

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #941 на: 11 Мај 2022, 13:52:07 pm »
Вчера, сосема случајно се сретнаа бившата и сегашната.

Немаше сцени на љубомора, викање и кавги - мирно застанаа една до друга. Некој дечко ја "јава" бившата, и ставил црна фолија на кров.



Шега на страна, Бравото ми буди многу убави спомени и мемории од некои други времиња, патувања и патешествија.
10 години дружење со него сепак не е малку :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #942 на: 11 Мај 2022, 15:36:21 pm »
Добро е бар го чуваат и негуваат. Јас кога го видов пунтото колку го раскантале, ми се плачеше. Сепак 15 години се дружевме.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #943 на: 11 Мај 2022, 15:39:35 pm »
Солзи сами капат прости ми...те заболе за пунтото 😂

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #944 на: 11 Мај 2022, 18:43:51 pm »
"Кај си бе, у пичку матер, те неам видено 100 години..."

"Те боли тебе курот ја кај сум..."