Не е лошо, најбитнио параметар е oil ash volume и тој уствари укажува до каде е животниот век на дпф-то. Кај тебе е во мл, некаде се прикажува во грамови. 0.12л е ОК според таа километража и максимумот на пепелта е 0.175л односно некаде имаш 32-33% оставено животен век. Ако досега имаш поминато 190.000км тогаш можеш да очекуваш некаде на 280.000км ДПФ-то ќе го достигне максимумот на пепел што може да се складира и понатамошни регенерации ќе бидат неуспешни и ќе ти треба нов дпф.
p.s. да напоменам дека имаш многу искуства по форуми каде што лимитот од 0.175л е прекорачен но луѓето уште си возат нормално со вредности од 0.2л. Така да не би се секирал за дпф, само ставај уље 504/507 и цепај.
Еден друг апдејт.
Од вчера ги снема сите грешки, сами од себе. Прво ја снема намотката, после и check engine го снема.
Денес колата мајстор ја закачи на Delphi и му покажа наводно ДПФ-от зафркавал.
Рече ако се појави грешка пак да отидам додека ја покажува во моментот.
Не разбирам како Delphi би било попрецизно и поточно од VCDS. Јасно пишува погоре дека се направило регенерација пред 78км.
Ја издував Штип - Свети Николе - Штип - Крупиште (по новиот пат) и назад, цело време над 2000RPM во 4-5 брзина и со вклучени потрошувачи (клима, радио...).
Не се појави никаква грешка.
Не разбирам што може да е.
Или се одглавил ЕГР-от (пак ќе заглави) или не знам што да мислам веќе...