По некое време од дискусијата за тоа дали има или нема cluch pedal switch на Леонот од таа генерација, му спомнав на братучед ми на зезање дека којзнае што ситница му поправиле а му наплатиле сензор за куплунг бидејки од овдешните муабети излезе дека немаат сензор...тој ми рече дека е можно, не им висел над глава, но исто така спомна дека пребарувал на интернет за да провери цена и дека нашол еден куп сајтови што го нудат/продаваат сензорот за Леон од таа генерација. Плус му нуделе од сервисот да го извадат расипаниот и да му средат, бајпасираат за да помине поевтино, односно да не му стават нов сензор.
Еден од комшијат со Леонот го прашав, ми рече дека му вергла во брзина без стиснат куплунг. Дали фабрички нема, дали некој од претходни сопственици го извадил/бајпасирал...
Што е вистина навистина не знам, но сепак провери си уште еднаш кај мајстор за тој фамозен cluch pedal switch пред да се акаш со замаецот.