Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170837 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1470 на: 03 Ноември 2023, 07:12:10 am »
Долу крцка некаде, позади тркалото накај каросерија.
Се слуша и со клацкање на крилото.

Амортизерите пред некој ден ги вадеа, се менеа буфери и лагери..

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1471 на: 03 Ноември 2023, 10:46:05 am »
Мене на Мерцедесот назад ми крцкаше ненормално, ко кочија ако се качат повеќемина, проверени амортизери, гумици, носена секаде и не се реши проблемот, така се продаде.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1472 на: 03 Ноември 2023, 11:41:51 am »
Ја како што гледам, гумицата на предната чаура е скината:



Десно, како да се струга вилушката со другиот дел, таму каде што фали гумицата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1473 на: 03 Ноември 2023, 11:45:45 am »
Око соколово! Удави го ова во силиконски спреј. Ако утре сабајле не крцка - најверојатно е тоа и смени го!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1474 на: 03 Ноември 2023, 13:20:32 pm »
Око соколово! Удави го ова во силиконски спреј. Ако утре сабајле не крцка - најверојатно е тоа и смени го!



Овде може и подобро се гледа. Левата страна на гумата е скроз прегорена, на 1-2mm е вилушката до другиот метал, а десната е потскината.
Ќе пробам вечер со силикон баш.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1475 на: 03 Ноември 2023, 14:30:29 pm »
Да, на последната слика убаво се гледа, и да направи разлика силиконскиот спреј во однос на крцкањето, сепак би требало да се смени. Сега во зима на ладното уште толку ќе стегне и ќе се укрути гумата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1476 на: 03 Ноември 2023, 14:37:18 pm »
Ги гледам сликиве и се чудам - зошто не е еднаква чаурата/гумицата од лево и од десно?



Од левата страна како скроз да фали она обележано со жолто од десната. А и тоа што го има е минимално и се струга метал со метал скоро.
А еве ја самата чаура како треба да е:


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1477 на: 03 Ноември 2023, 14:41:07 pm »
Зошто е притисната/стара/потрошена?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1478 на: 03 Ноември 2023, 20:29:07 pm »
Блазеси ви шо можите да си менвате само јабучици наместо цели вилушки ко кај мене  :-\

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1479 на: 03 Ноември 2023, 23:22:32 pm »
Мислам дека дефинитивно го лоцирав проблемот.

Ја поплавив левата чаура со силиконски спреј.
Ни да чуе, пред малку ја повозив, додуше и не е толку ладно моментално (19c). Левата гумица е скоро дупло поистрошена, а на десната страна има бааги луфта помеѓу металот од вилушката и самата гумица (се гледа на втората слика).





За споредба, еве како изгледа десната:



Има многу повеќе ,,месо" и на двете страни и нема луфта.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1480 на: 05 Ноември 2023, 20:35:54 pm »
Иако не делува штетно на здрав лак/боја, јас го направив балканското и малку заштитив пред да шприцам од Wurth-виот конвертер на 'рѓа.





Ова е пред шприцање. Поминав 2 раце на временско растојание од 2 часа.
Ќе видиме до вечер дали ќе промени боја нешто.

Утре планирам да исфарбам, како што видов - 2 дена ќе е сончево.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1481 на: 06 Ноември 2023, 11:42:25 am »
Како за некој што првпат чепка нешто каросериски на своја кола (фарбање, полирање или било што), мислам дека завршив добра работа сабајлечки.
Користена четкичка од лак за нокти.









Да се исуши, може и подобро ќе изгледа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1482 на: 06 Ноември 2023, 11:56:48 am »
Лак стави од горе? Ако не си ставил со перење ќе падне.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1483 на: 06 Ноември 2023, 12:00:04 pm »
Лак стави од горе? Ако не си ставил со перење ќе падне.

Не сум ставил лак, сабајле ја фарбав т.е пред 2 часа.
Да ставам и лак, да ја чекам да се подисуши или како?

Оваков купував/имам:


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1484 на: 06 Ноември 2023, 13:55:31 pm »
Подобро никаков лак отколку овај,сите овие обичните не двокомпонентни лакови не ги бива за К ,ќе изгледа океј се дур не ставиш некое средство за полирање или било шо, тогаш ќе  се испособери и изматира цел и ќе ти ја усери цела работа шо си се мачел. Мислам можеше да ти стават во бојата лак,Како и да е сеа јас по мое не би гибал ништо повеќе.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html