Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170566 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #780 на: 12 Март 2022, 22:35:54 pm »
Niso ne mu e. Mene seatot poslednite 3 godini sekoja zima pri kraj na sezona pocnuvashe da krcka. Ja odnesov neso podmackaa i tolku..

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #781 на: 12 Март 2022, 22:44:10 pm »
И кај мене меривата крцка кога е под 0 надвор ама само првиот пат кога ќе поминам преку лежечи после не. Бев да ја проверат и дечкото вика ништо нема вака се е ок. Ми вика донеси ја кога ке почне да крцка цело време, вака неможам ништо да откријам освен дека нешто е поврзано околу амортизерите као буфер гуми, чаури или незнам уште што спомна.
Така да ја остава сеа за сеа па ке видиме понатака.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #782 на: 12 Март 2022, 23:33:18 pm »
Крцкаше/крцка оваа и на потопло и ме нервира. А патиштата низ Штип не се баш сјајни и на секоја поголема дупка/кратерче си крцка. Дури мислам дека почна на крцка и на поголема нерамнина, не мора да е дупка.

Ќе ја однесам оваа недела да ја ѕирнат на дигалка, ме јаде јанѕа и ова сабајлево што цивкаше, а сега пред малку ја возев и нема ништо.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #783 на: 13 Март 2022, 01:54:22 am »
Кај мене на аудито така  рамено -спона крцка  кога гумицата е скината а зглобот сув,почнува прво со крцкање па потоа со тропкање.Кај мене ги има по 4 рамена од страна и сите се со зглоб како спона.
Си имам шприц од најголемите со игла, го полнам со некое поефтинко моторно масло и од каде што ми доаѓа звукот од таа страна на сумливото рамено му ставам инекција :D . Но тоа е колку да го елиминираш звукот додека не почне да тропка раменото за да го замениш.Знам звукот иритира.
Што се однесува на цивкањето при возење и со зголемување на брзината интервалот е пократок најверојатно е од системот за сопирање.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #784 на: 22 Март 2022, 12:46:48 pm »
Веќе неколку недели, при преминување над лежечки полицајци и подлабоки вдлабнатини/дупки на патот - се слуша крцкање (како стар кревет на федери) од левото предно тркало.

Од сабајле забележав дека исто од напред (само не можам да забележам дали од лево ило десно, мислам дека е лево) се слуша цивкање кога ќе возам споро и во прва брзина и како тркалата вртат побрзо - и цивкањето станува побрзо. Веќе на брзини над 40 се губи. Не е од моторниот дел, 100%. Се слуша само кога тркалата се вртат.
После некој саат ја повозив пак - го немаше цивкањево, крцкањето си стпи.

Многу ме нервираше она крцкањето при преминувањето врз испакнатини/вдлабнатини на пат и го бев оставил за пролетва, ама ќе ја однесам во понеделник или вторник да ја ставиме на дигалка и да видат целата предница како е.

До сега на Леонов немам менувано ништо од делови за предница.

Мал апдејт на ова. Денеска проверка на мајстор.

1. За крцкањето се утврди дека е од предната чаура од левото тркало (заднати чаури (и лева и десна) се променети пред 20.000km, кога се сменија и предните плочки). Се слушаше и со клацкање на крилото горе-долу.
Со шприц и игла внатрешно се наполни/подмачка (веројатно истото што и @MarceCvarce и @AUDI го спомнаа), оставивме да се промени целосно чаурата доколку продолжи крцкањето. Мада денес е топло, не се познава толку како на ладно. Ќе видам вечер дали има ефект од подмачкувањето.
- Истовремено, се утврди дека е нагризана гумата на крушкастата (не е скината), па искористивме можност да се подмачка внатрешно и неа и да се промени ако се менува и предната чаура.
- Мајсторот со хебла проверуваше дали има луфта било каде, коска е предницата.

2. За цвичењето при мали брзини се утврди дека всушност е од индикаторите на предните плочки. Се слуша малку и при слободно вртење на гумите со рака. Мајсторот рече дека плочките се добри, мада како сега што читам на интернетов, ако цвичи индикаторот во возење (не кочење) - време е за менување. Чудно ми е зошто цвичи понекогаш при мали брзини, на кочење нема свирење/гребење.
Предните плочки се сменети пред скоро 20.000km:

Цитат
Денеска (09.10.2020) на поминати 188835km променив:

- предни плочки Quinton Hazell (немам искуство со овој производител, наводно се британски, гуглајќи сега по нетов).
Една од плочките (левата) има сензор за индикација на абење и приклучок. Пред некој ден на инструмент таблата ми покажа Error: Brakes, visit workshop. Беа изедени ептен.
Дисковите се во добра состојба.
Цена за плочките - 2000 денари.

- задни чаури на предна маша. Ова беше дел од недостатокот кој ми беше посочен уште кога ја купував колата, конечно ги променив пред почеток на зимата.
Цена за пар чаури - 3000 денари.
« Последно менување: 22 Март 2022, 12:59:41 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #785 на: 28 Март 2022, 19:33:16 pm »
Тргајќи за Кавадарци, денес прегоре левата H7 Philips WhiteVision, купени во декември 2020. Ставив обична халогенка, многу ми е жолто хаха. Баш сликав, ќе ставам попосле слики.

Се мислам да си порачам пак од Фели-Ас еден пар, некако издржаа овие meh, 15 месеци.
Ќе ги прашам за цена утре, тогаш сум ги купил 1550.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #786 на: 28 Март 2022, 19:50:51 pm »
Скапа инвестиција е 1500 денари за нешто повеќе од година.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #787 на: 28 Март 2022, 19:53:48 pm »
 Знам, затоа се премислувам... А многу ми се допаѓа како светат.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #788 на: 28 Март 2022, 20:07:12 pm »
Ако ти прават голема разлика во светењето а со тоа и безбедноста ти ја зголемуваат не е многу скапо мислам во споредба со обични(1000 ден да се поскапи) така да јас би ти советувал пак да си ставиш такви.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #789 на: 28 Март 2022, 20:40:45 pm »
Пробај силверстар. Кај мене траат 2+ години, а не се жолти и светат ок.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #790 на: 28 Март 2022, 22:15:27 pm »
Rabotata e shto obicnite mnogu podolgo traat, koristev na vremeto isto vakvi nekoi kombonacii na osram ili philips ama cesto pregoruvaa, taka da 1500 e komplet racunaj ti treba ushte eden komplet ako ti pregori da stavish ista.
Inaku svetlinata ne se sporeduva.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #791 на: 28 Март 2022, 22:40:28 pm »
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #792 на: 28 Март 2022, 23:22:25 pm »
@Busav - Фала ти, баш ќе бидам дали овие имаат на залиха или се прскаат.
Дека и во Carbox e истата цена, ама немаат залиха:

https://carbox.mk/product/sijalica-philips-h7-white-vision12v-55w-888728/

едит - Не се порачува и од OneStopShop, стигам до плаќање и не се процесира бидејќи стои "Нема достапни можности за испорака!" под продуктот и после ми дава: "Настана грешка
Shipping option for "One Stop Shop" store order is required."
Глупости, немаат и овие залиха.
« Последно менување: 28 Март 2022, 23:45:08 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #793 на: 28 Март 2022, 23:27:55 pm »
Инаку за сите заинтересирани - лево на сликата е WhiteVision, десно е обична халогенка.
Сликано во иста минута, со намалена експозиција на сите слики.







Сега со различни сијалици во двата фара можам да заклучам дека и во возење подалеку ми фаќаат Филипсот и подобро/посилно светат, не ме лажат очите.
Се враќав во МРАЧНА темница преку Криволак. Баш она @Sase_91 што го спомна, не е само изгледот на сијалициве.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #794 на: 29 Март 2022, 00:40:59 am »
Си бил во Кавадарци а не се кажа барем едно шише ракија и вино да пуштев да имаш заб кога ќе те заболе.....
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!