Клабери, ми треба помош/совет за еден технички проблем, сакам да го решам пред да одам на одмор. Утре ќе ја однесам и на мајстор да ја ѕирнат од долу.
Со месеци слушав/слушам како некое пукање/тропање на пластика, строго при нагло тргнување и застанување, од совозачка страна, некаде помеѓу моторот и тркалото. Мислев дека е некоја пластика откачена од подкрилото и не се замарав баш.
Приметив на пример, кога ќе застанам на патарина да платам и ќе тргнам нагло. Се слуша како крц, крц крц. Или ќе закочам нагло.
Чудно е што не прави секогаш при нагло стартување и кочење, но во голем дел од времето - да.
Во возење ништо нема, како и при вртење на воланот во место.
Последниве недели истиот звук зачести и при вртење на воланот во полн десен и тргнување во рикверц.
Снимав и видео:
Вчера гледав едно видео на YouTube каде на сличен проблем/звук (но не ист), проблемот му изглегол дека е олабавен штраф од задната маша при центрирање на предница. Не се сеќавам дали звуков ми се појави лани откако ја центрирав кај мене или не.
Некоја идеја?