Ми се најде некако темава, јас исто во слична ситуација (со буџет 25-6 илијади) разгледувам и сум во дилема помеѓу Мазда3(седан) 2.0 122 и Хонда Сивик 1.5. Сув-ови и кросовери не идат во предвид.
Знам дека се две дијаметрално спротивни возила, Хондата има далеку посилен мотор, поспортски насторена кола, но впечатокот што ми го остави Маздата стварно делува многу полуксузно од Сивикот, кој реално е модел од веќе далечната 2016.
За надворешен изглед, субјективна работа е, мене за разлика од многумина ми се свиѓа Сивикот однадвор, ама пак Мазда3 седанот делува ептен елегантно, складно, едно од најубавите возила во овој ценовен ранг, потсеќа на некоја Алфа како што спомна некој погоре.
Ги читав темите на двајца форумџии што имаат Сивик 1.5 и гледам доста се задоволни, Мазда 3 изгледа уште никој не купил тука.
Уште една работа плус ми го мати есапот е што чекам да дојде и ценовно да ја видам новата Октавија, небо и земја разлика од старата во се, од тоа што сум го видел по нет, е сега дали и цената ќе биде во рамките на можностите не знам баш.