2.0 атмо у хеч? Зарем му треба на некој нешто повеќе? Уште и модерен со директно вбризгување, со аткинсонов циклус , троши малку итн. Максималниот торк можеби е високо, ама најчесто добрите мотори имаат преку 80% од торкот веќе на 2000рпм. Тегнат како „магариња“, ем ќејф прават при вртење. Нема турбо дупка како малите „даунсајзовани“ 1.4 турбаши со сличен торк и иста снага, дури и трошат слично. Кај тие турбаши, најчесто е или имаш дупка долу во рангот а горе влече добро, или долу е торкот и нема турбо-дупка, ама горе во рангот е мифка моторот.
Не е ова 2.0 од пред 30 години во автомобил од 2.5 тона, па да не мрда. Друг муабет е ова.
Ако е тој со 180кс и 224nm, мајлд хибрид, каков т-рок турбо какви глупости. Има да го гази ко слон мравка. Ем што изгледа на нешто (секако дека Алфа не сакала gulietta-та така да изглеа, ама ај...
), за разлика од трокот.
За мене лично, не би се ни наметнала ваква спортедба. Флаерот со Т-Рок ќе беше згужван и у канта.