Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 658316 пати)

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2700 на: 12 Февруари 2017, 18:01:08 pm »
Блокиран е ‘провевот’ на воздух низ населбите, нема веќе ветер како што имаше порано (а да се земе во предвид дека порано работеа повеќе фабрики, плус возилата си беа од ‘стариот’ квалитет, а не како сега модерните по сите, наводно еколошки стандарди)… Од сите страни, почнувајќи од градски ѕид, па сé до Влае сме загушени.... http://365.com.mk/245215/svesno-go-zagaduvaat-vozduhot-vo-skopje-zaradi-profit

Држи вода муабетов,колите од тоа време загадуваа колку 3 од половњациве + повеќе фабрики работеа

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2701 на: 13 Февруари 2017, 12:36:03 pm »
nekoj spomna deka maglata faka negde do vidikovecot na vodno? ovoj noviot sto gonapravija so patot za soncev grad ili starion so parkig so e? da se selime gore negde, nekoe care da praime go eba, jas od ko nesum Skopje ne potkasluvam veke ama ic...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2702 на: 27 Февруари 2017, 13:06:37 pm »

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2703 на: 27 Февруари 2017, 21:15:06 pm »
Е кој се греа сега на дрва, зошто пак неколку пати над алармантното?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5201
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2704 на: 27 Февруари 2017, 21:34:35 pm »
помини низ населбиве со куќи не се дише од смрдеа на дрва

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2705 на: 27 Февруари 2017, 21:42:32 pm »
Нели треба прво да се испита кој загадувачи колкав удел имаат во загадувањето... Или има некоја статистика?
Дрвата дека чадат-во ред, ама сигурно не се толку токсични како гума на пример. Баша за да се грее некој на струја треба некаде да се гори ќумур...
Сега за сега сеуште дрвата се најевтина варијанта или барем така веруваме...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2706 на: 27 Февруари 2017, 21:48:30 pm »
Зависи колку се суви дрвата, порано на пролет ги купуваа комшииве што имаат куќи сега у ноември ..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2707 на: 27 Февруари 2017, 22:15:07 pm »
Нели треба прво да се испита кој загадувачи колкав удел имаат во загадувањето... Или има некоја статистика?
Дрвата дека чадат-во ред, ама сигурно не се толку токсични како гума на пример. Баша за да се грее некој на струја треба некаде да се гори ќумур...
Сега за сега сеуште дрвата се најевтина варијанта или барем така веруваме...

Цитат
Пред неколку денови беа презентирани и три исклучително важни студии и документи со кои директно се посочува кој колку влијае во загадувањето на воздухот во Скопскиот плански регион. Согласно овие истражувања и студии најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот потекнува од загревањето на домаќинствата со 32 отсто, од сообраќајот – 20 проценти, од прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности - 19 проценти, од индустријата – 18 отсто, од сулфатните соли – 7 отсто, од нитратните соли – 2 отсто, и од прекуграничниот пренос на загадувачки супстанции – 2 отсто.

Нова Македонија: над 4 милиони евра за мерки против загадувањето

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2708 на: 28 Февруари 2017, 16:58:59 pm »

Да чистат како што треба улици со шмрк и четкици, да нема раскопани неасфалтирани улици и да стопираат градежни активности од 15 декември до 15 февруари ете ти 20 посто помалку загадување. Во секој случај многу поефикасно од пар-непар, електрични автобуси и што ти не знам какви глупости што им текнаат во овие неколку години.
Зини да ти кажу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2709 на: 28 Февруари 2017, 18:19:56 pm »
Електрични автобуси се добра идеја. Бар ќе биде и потивко.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2710 на: 28 Февруари 2017, 21:37:32 pm »
A i tramvajot dobar se pokaza, vcerashni vo nedelata potsetija na proektot.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2711 на: 28 Февруари 2017, 21:56:03 pm »
Постојат филтри за оџаци..? За дрвата?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2712 на: 01 Март 2017, 00:17:41 am »
Teoретски да, практично не (неисплатливо). Елиминирање на загадувањето од оџаците се постигнува преку зголемување на ефикасноста на согорувањето, колку поефикасно согорување толку помалку загадување. Заштедата е бонус.

Но имплентацијата на тоа е пуста фантазија во оваа држава каде законите се применуваат спорадично. Овде теоретски може да функционира само строга забрана на горење дрва и ќумур (и ѓубре), и уште построги казни за прекршителите. Што исто така е само фантазија, така да загадувањето о понатаму ќе биде жална реалност која ќе се влошува секоја наредна година (освен во ветровитите зими, кога властите ќе се фалат со „успесите“ во намалувањето на загадувањето).

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2713 на: 01 Март 2017, 00:50:31 am »
Тешко да забраниме дрва да се горат, а да се воведе некој стандард по реално е.
Мислам дека јонизирачките филтри солидно чостат, т.е. сета цврста материја ќе се налепи на ними, а чистењето е лесно. Или па кондензатор т.е. дел од оџакот да се лади (успат да грее вода).. Има решенија ама...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2714 на: 01 Март 2017, 01:12:54 am »
^^
Ако го ладиш оџакот (всушност ќе го ладиш воздухот/чадот), ќе влијаеш на факторите кои го прават вентури ефектот (читај: нема да „влече“ оџакот).

Нејсе, никакви филтри не се потребни. Без навреда, не ги разбираш некои принципи на кои функционираат печките на тврдо гориво. Тоа што треба да го разбереш - е дека смог/чад е резултат на несоодветно и нецелосно согорување. Ако согорувањето е како што треба - ефикасно, тогаш од оџакот ќе излегува 90-99% водена пареа и топол воздух. Ако согорувањето не е како што треба - тогаш има чад и саѓи (и загадување).

Значи треба ефикасно согорување. Не треба филтри за да го филтрираат неефикасното согорување.
Теоретски можеш и со филтри да го решиш проблемот, ама многу многу поскапо, и пролонгирано скапо - пошто тие филтри ќе треба да се менуваат/рециклираат/итн. Зошто побогу, кога проблемот можеш во корен еднократно да го решиш преку поефикасно согорување. Така ќе заштедиш и на дрва, и на филтри, и на сите малтерирања окулу филтрите.