^^
Ако го ладиш оџакот (всушност ќе го ладиш воздухот/чадот), ќе влијаеш на факторите кои го прават вентури ефектот (читај: нема да „влече“ оџакот).
Нејсе, никакви филтри не се потребни. Без навреда, не ги разбираш некои принципи на кои функционираат печките на тврдо гориво. Тоа што треба да го разбереш - е дека смог/чад е резултат на несоодветно и нецелосно согорување. Ако согорувањето е како што треба - ефикасно, тогаш од оџакот ќе излегува 90-99% водена пареа и топол воздух. Ако согорувањето не е како што треба - тогаш има чад и саѓи (и загадување).
Значи треба ефикасно согорување. Не треба филтри за да го филтрираат неефикасното согорување.
Теоретски можеш и со филтри да го решиш проблемот, ама многу многу поскапо, и пролонгирано скапо - пошто тие филтри ќе треба да се менуваат/рециклираат/итн. Зошто побогу, кога проблемот можеш во корен еднократно да го решиш преку поефикасно согорување. Така ќе заштедиш и на дрва, и на филтри, и на сите малтерирања окулу филтрите.