пак филозофија со ЛАЖНО НАБЕДУВАЊЕ.... НИКОЈ не рече без чад... дискитуравме за многу штетни честици...
Експлицитно не, но имплицитно да:
Има една студија од еден сега за жал починат доктор на науки, инаку хемичар, екологист, меѓу другото бивши професор во странство... каде вели дека ситно исецката гума може да пали и при тоа да не создава канцерогени честички.
Секој чад е канцероген. Па така, не може да не е канцерогено, а да е чад. Ако некој рече „не е канцерогено“ автоматски рекол „нема чад“. Ако не ми веруваш, пробај да најдеш пример за чад кој не е канцероген.
Нит студија видовме, нит гугл најде некаква гума што горела неканцерогено нит бутур. Се што „најдовме“ е „филип е ваков филип е онаков“. Бравос.
Мислам дека Џиџи не разбрал, чул недочул. Веројатно уважениот професор рекол дека ситно сецкана гума создава
помалку канцерогени честички, а не дека воопшто не создава. Има круцијална разлика меѓу „помалку“ и „ич“.
а можам и јас да го свртам како тебе... посочи ми извор кај што вели дека сецканите гуми загадауваат исто како и не сецканите....
Јас не тврдев дека сецканите гуми загадуваат исто како и несецканите, па сеа да поткрепувам со линкови.
плус тука не сме во судница па да докажуваме некому нешто... јас ти кажувам а ти ако ти се верува верувај, ако не немораш... ама јас не ти должам докази... кој те врти....
Да имаше - немаше ова да ми го кажеш, туку ќе ми го плеснеше у фаца изворот и ќе ме укопаше.