Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 595473 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43716
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1035 на: 08 Ноември 2014, 19:27:33 pm »

P.S. Уште ти се лутам да знаеш! Да не се залажуваш што ти праам муабет. Гневот ми помина, но раната сеуште боли! Мрш!
Јас мислев дискутираш на јавен форум, а не дека си муабетиме јас и ти.
Ич не мора да ми се смируваш. Терај си.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1036 на: 08 Ноември 2014, 19:33:11 pm »
Јас мислев дискутираш на јавен форум, а не дека си муабетиме јас и ти.

Така де.

Ич не мора да ми се смируваш. Терај си.

E не.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1037 на: 08 Ноември 2014, 19:36:06 pm »
Pred pola saat pozadi ministerstvo za ekonomija kornese na zapaleni gumi..Pa dobro bre centar e tolku li ima stoka narod ne mie jasno
Да, има. И мора да се пријавуваат тие работи кај надлежните. Еден повик до 192 чини 0 денари, а многу значи. Особено ако имаш нормални комшии кои исто така се волни да подигнат слушалка.

Па да видиш како после одма ќе се реши ситуацијата, после втората посета од полиција.
Можеби Петко-Станко... Митко, има познат во полиција, но немаат сите. Затоа слушалката во раце и на работа. Можеби 10% од нив ќе најдат познат и нема да превземат ништо околу случајот, но најголемиот дел ќе престанат.
Кога си сигурен дека се работи за гуми, уље, и слични материјали кои се горат, веднаш треба реакција. Има и роми кои горат такви работи за огрев, и мора да се дислоцираат или запрат во најкуса постапка. Не треба да се чека. Подобро да се спречи отколку да се лечи. Буквално.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1038 на: 08 Ноември 2014, 20:35:46 pm »
Ха бе Дени, наивен си како Црвенкапа.

Едно дигање телефон и вртење 192 ти е 15 минути малтретирање по телефон. Прво ќе те истресат кој си и што си што се јавуваш, па кога че кажеш дека се јавуваш да пријавиш нарушување на јавен ред и мир или да пријавиш еколошка катастрофа ќе ти речат еве веднаш екипа ќе пратиме а таа екипа никогаш нема да стигне. Следен пат кога ќе ѕвониш ќе видат за што си ѕвонел минатиот пат и веќе нема да те прашаат зошто се јавуваш туку дека ќе пуштат екипа која секако нема да дојде.

Веќе ми се смачи од такви заебанции. Само да си го трошам времето на телефон. Ги земав работите во свои раце. Сега на комшијата кој нарушува јавен ред и мир и ја малтретира жена му му светам со зелен ласер се додека не престане.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1039 на: 08 Ноември 2014, 21:49:05 pm »
Има една студија од еден сега за жал починат доктор на науки, инаку хемичар, екологист, меѓу другото бивши професор во странство... каде вели дека ситно исецката гума може да пали и при тоа да не создава канцерогени честички.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1040 на: 08 Ноември 2014, 22:18:56 pm »
aha, da, poshto togash ne se tie gumi

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1041 на: 08 Ноември 2014, 22:25:32 pm »
Не, озбилно. Не сум стручен да ти објаснам-ако ја најдам студијата ќе ја објавам. Хемија е тоа, све је могуќе :-)  Пример: Земи исто количество жива сода и солна киселина, измешај ги убаво и остави ги. Утредента ќе забележиш чиста вода и сол на дното. Водата испи ја слободно, а солта стави си ја на лепче со путер :-)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43716
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1042 на: 08 Ноември 2014, 22:27:35 pm »
Водата ќе биде солена, не е за пиење :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1043 на: 08 Ноември 2014, 22:28:18 pm »
da ama seckanje i toa so solna kiselina ne e isto.
toa e hemiska reakcija a seckanjeto (ako e samo toa) ne go pravi toa

neznam ama teshko verojatno mi e

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1044 на: 08 Ноември 2014, 22:38:19 pm »
Има една студија од еден сега за жал починат доктор на науки, инаку хемичар, екологист, меѓу другото бивши професор во странство... каде вели дека ситно исецката гума може да пали и при тоа да не создава канцерогени честички.

Нема шанси. Ни теоретски. Секое горење на сложени органски молекули, секое без никаков исклучок, создава канцерогени честичи.

Кој е тој починат доктор на науки? Како се вика?

Не сум стручен да ти објаснам-ако ја најдам студијата ќе ја објавам.

Нема да ја најдеш, но и да ја најдеш нема ништо да смени. Ја ќе ти најдам студија во која докторка тврди дека треба да јадеме тревки и дека сонцето е ладно. Треба ти лично да имаш критериум како да раздвојуваш што е верно, а што глупости од она на кое ќе налеташ. Самата титула не е гаранција за ништо.

Хемија е тоа, све је могуќе :-)  

Не, во хемијата не е све могуќе.

Пример: Земи исто количество жива сода и солна киселина, измешај ги убаво и остави ги. Утредента ќе забележиш чиста вода и сол на дното. Водата испи ја слободно, а солта стави си ја на лепче со путер :-)

Тоа што база и киселина имаат за продукт вода и сол не значи дека постои гума кога гори не создава катаљон разни отровни продукти на непотполно согорување.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1045 на: 08 Ноември 2014, 23:01:31 pm »
Ти можеш да скокаш до миле воље, јас го почитував еминентниот г-дин Јосиф Таневски, нека му е лесна земјата. Поентата е дека во таква форма гумата гори во целост без отровни продукти.
Титулата не е гаранција, секако, тој беше почитуван во многу кругови...
Јас мојот критериум го креирав врз основа на неговиот долгогодишен труд. Кој сум јас да му противтечам или негирам кога доби светско признание за тоа?
Филип, сега и хемичар ќе глумиш?
Искрено, ќе се напиеш ли ти од течноста?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1046 на: 08 Ноември 2014, 23:22:57 pm »
Ти можеш да скокаш до миле воље, јас го почитував еминентниот г-дин Јосиф Таневски, нека му е лесна земјата.

Јас не се сомневам во еминенцијата на проф. Таневски. Се сомневам дека ти не си разбрал ко шо треба.

А кога ти реков дека титулата не е гаранција не сакав да кажам дека проф. Таневски зборува глупости, туку да внимаваш дека можеби некој друг со титула напред ќе збори глупости а ти ќе му веруваш. Затоа треба да имаш критериум. Самата титула тоа не е. Не на таневски титулата. Титулата воопшто.

Поентата е дека во таква форма гумата гори во целост без отровни продукти.

Барав на интернет за проф. Таневски. Го има на многу места. Но, за жал, ниту на едно од нив не се спомнува зборот „гума“.

Филип, сега и хемичар ќе глумиш?

Ајдее... и хемичар ќе глумам? Демек сум глумел и други работи, па сеа одозгора и хемичар?

Иначе хемија ми беше еден од омилените предмети во школо и имам само некои основни познавања, како на пример дека во реалноста согорувањата се нецелосни. Секогаш останува нешто.

Ако сакаш ќе ти дадам листа од сите предмети кои ме интересирале у животов, за да не се изненадиш ако некогаш напишам нешто во врска со нив, а? Да не мислиш дека пак нешто глумам. Бива? Има така едно списоче.

Искрено, ќе се напиеш ли ти од течноста?

Не, затоа што не сум сигурен дека односот киселина-база ќе биде идеален фифти-фифти, ниту дека базата и киселината ќе бидат 100% чисти. Покрај вода и сол веројатно ќе има и мал милион други нуспродукти во мали количества.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1047 на: 09 Ноември 2014, 00:00:38 am »
Ха бе Дени, наивен си како Црвенкапа.

Едно дигање телефон и вртење 192 ти е 15 минути малтретирање по телефон. Прво ќе те истресат кој си и што си што се јавуваш, па кога че кажеш дека се јавуваш да пријавиш нарушување на јавен ред и мир или да пријавиш еколошка катастрофа ќе ти речат еве веднаш екипа ќе пратиме а таа екипа никогаш нема да стигне. Следен пат кога ќе ѕвониш ќе видат за што си ѕвонел минатиот пат и веќе нема да те прашаат зошто се јавуваш туку дека ќе пуштат екипа која секако нема да дојде.

Веќе ми се смачи од такви заебанции. Само да си го трошам времето на телефон. Ги земав работите во свои раце. Сега на комшијата кој нарушува јавен ред и мир и ја малтретира жена му му светам со зелен ласер се додека не престане.
Сум се јавил да пријавам неколку пати и не ми одзело повеќе од 30 секунди. Доаѓаат после 20 минути. :) Позз... не ќе да сум јас наивниот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1048 на: 09 Ноември 2014, 00:42:27 am »
Ајдее... и хемичар ќе глумам? Демек сум глумел и други работи, па сеа одозгора и хемичар?


охохоооооо... глумиш сезнајко цело време... и цело време тераш инат со сите... ти вс сите... упс.. заборавив.. ти не тераш инат туку си ја вежбаш струката...


п.с. целосно согорување на гума може да се постигне без са испуштат отровни честички во воздухот. ако се исечка на ситни парчиња ке има по јако согорување со повисоки температури. значи нема да бидат во воздухот туку тие ке се содржат во пепелта т.е. остатокот... и јас тоа го имам читано и од танески и од други професори... во втор дел од тоа објаснување е искомпарирано и согорувањето на моторните употребени масла и минерални и синтетички и миксови од нив... ако доволно силно се распрсне, ке има скоро 100% согорување на маслото, а отровните честици повторно, ке останат во пепелта или налепени по зидовите кај што идела температурата (котел, резервоар или обична метална кутија) но не во воздухот-оџакот...

значи пред да застанеш со цврст став дека не е така (знам од внатре те тера, таков си ти) прво информирај се за нешто.. немој филозофот во себе со настрана линија на вечита опозиција да го активираш одма... по нет го има таневски, а зборот гума може не е во тоа то си го нашол...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1049 на: 09 Ноември 2014, 00:55:05 am »
Значи за нешто да не загадува кога согорува, треба целосно да согори ? Затоа плинот помалку загадува, затоа што подобро согорува од бензинот ?