А за сликине мои што ги постирав, среде лето такви магли, смогови, што ке кажеш ? И во лето гориме дрва ?
Треба изгледа по неколку пати да повторувам - што веќе само по себе ми прави незгодно - затоа што само летате преку текстот наместо внимателно да прочитате. Тоа не е фер кон мене бидејќи многу се трудам да ги употребам вистинските зборови.
Никогаш не реков дека греењето на дрва е единствениот причинител на загадување. Реков дека е најголемиот. Уште еднаш: не викам дека
само греење на дрва загадува, дека ништо друго не загадува. Велам дека греење на дрва
најмногу загадува.
Понатаму, цело време дробам дека зборувам
исклучиво за загадувањето со канцерогени пм честички. Не за загадувањето воопшто, кое покрај пм честички содржи еден куп други говна и лајна. Загадувањето со микрочестички е во најголем дел заради греењето, и покрај тоа што и други фактори влијаат на истото, како на пример прав, стари дизел камиончиња итн итн. Но, тие други извор - зборувајќи само за тој вид загадување! - во споредба со греењето се мали и не толку значајни.
Треба ли со венов дијаграм?