Истиот проблем со мачките го имав 10 години со претходната кола. Јас се справував на 2 начини но обврска е секој ден.
Имав и јас капак под моторот но имаше место кај предното лево тркало од кај што влегуваа.
Едниот начин е да ставиш помала картонска кутија или кутија од чевли( зависи колку место има под кола) навечер на местото
кај што влегуваат мачките, ако има повеке простор од кај што влегуваат , ова нема да успее, но кај мене беше мал простор.
Друг начин ми беше, кај акумулаторот (подалеку од мотор, каиш..) врзав сунгерче и навечер го прскав со средство против мачки
купен од Еуростил, ако прснеш на метал или пластика не трае долго а на сунгерчето мириса до сабајле.
Досадна обврска е секој ден ова да го правиш, но јас бев очаен да ги тргнам и ова успеваше.