Автор Тема: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)  (Прочитано 1707 пати)

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #15 на: 02 Септември 2024, 00:13:10 am »
Неделава колата го имаше првиот сервис од кога е во моја сопственост, на 179.289км
  • моторно масло Титан Фукс Супер син 5/40 - 2.600ден
  • филтер за масло Фаб.1,9/47-74, Окт.1.9  - 480ден
  • филтер за воздух - 950ден
  • филтер за нафта  - 1.250ден
  • филтер за полен -750ден
  • работна рака - 1.000ден

вкупно 7.030ден

Од муабетот со сервисерот што го правев колата е во одлична состојба, само проблем имам со климата, 90% од времето не работи, без разлика на која температура да ја подесам, дува млак воздух(не топол) и смрди на влага. Од што читав на интернет, најдобар случај е само дека треба фреон да се допуни и да се изчисти, најлош беше некои матрици да се заменат што ќе биде доста скапо. Кога ќе бидам послободен деновиве ќе ја носам на сервис.

Од реставрациите, освен тапацирот, ништо друго не стигнав да направам, модулот за копчињата за прозор од delmak што го нарачав, иако 3 пати ги препрашав дали е за голф или за октавија, на крај излезе да е соцрвени диоди. Пробував да искомбинирам стариот модул со новите капачиња но не беа исти, новите капачиња беа повисоки и имаа различен механизам, пробав ги шмирглав и бушев за да ги наместам и на крај се откажав, ги вратив старите излитени.

За воланот и мењачот, бев пред неколку месеци по плацеви барав,  најдов само на еден плац кај Радишани, топка за мењач, целосно гумена, 2000 ден ми бараше,  а за волан ми понудија некој стар од октавија 1 мислам беше, без airbag, 5000 денари.. се откажав и од тоа, така да најверојатно ќе го средувам постоечкиов.

За радиото се мислам дали да купам само адаптер за bluetooth или да купам RCD330(https://www.rcd330.com/product/green-noname-androidauto-rcd330-plus-rcd330g-carplay-skoda-187b-octavia-fabia/), лајсните од вратите би ги правел сега во блиска иднина, ако знае некој да ми предложи каков спреј да купам и од каде, нека ми пише тука или во ПП
« Последно менување: 02 Септември 2024, 00:19:17 am ivanduk »

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #16 на: 02 Септември 2024, 00:41:01 am »
Колку тетратки има испишано до сега?  :D

сега за сега е уште првата, оригиналната