Уффф, одамна не сум пишал што се дешава во „гаража“ кај мене.
Па ништо посебно, само промена на уље и на нови зимски гуми.

Сега за сега е тоа, се има планови за иднина да инвестирам нешто во колата, зафат, да сменам некој дел, се надевам ќе евидентирам тука на форум.
Од последната промена на уље на 07.08.2021 поминав 10.000км за краток период и пак стасав за мал сервис.
На 29.12.2021 извршен е мал сервис: промена на масло и филтер за масло.
Километража - 227.600км, следна промена на 29.12.2022 или 237.600км.
Моментално е на 234.000км така да во скоро време ќе треба пак мал сервис.
Уље Castrol Edge C3 5w-30 4l, филтер за уље - Comline и работна рака на мајсторот вкупно за мал сервис - 3.300мкд.
Сменив бренд на масло дека е многу качена цената на Selenia над 1000мкд за литро, а со Castrol по препорака на мајсторот исто си работи моторот, никаква разлика не приметив.

На 10.01.2022 набавени нови зимски гуми Sava Eskimo HP2 во димензија 205/55/r16 и монтирани на 230.000км.
Треба да ги заменам со летните, се стопли веќе времето.
А да, и регистрација на 15.09.2021:
Осигурување - 10.500мкд
Технички - 6.900мкд
МВР - 50мкд.
Вкупно за регистрација: 17.450мкд.
Имам проблем со страшно маглење на прозорци од внатрешна страна при ниски температури и влажен воздух:

Вака дефинитивно е опасно и ризично за возење, чекам да се стопли уште малку времето и да се расклопи маската за промена на казанче за парно бидејќи се сомневам во него.
Дел 1500-2000ден а работна рака - па по мое и малку е 100е.


Имав проблеми и со радиото, само пушташе глас до max, си менуваше само на рандом станици, де usb - де радио си пушташе.
Разговарав со мајстор од Гевгелија, ми рече да го извади радиото од кола и ако работи на маса, проблемот е нешто до колата со can bus системот.
Мада се оправи само од себе, исто како ништо да не било.

Ако се појави пак истиот проблем, ќе му ја носам нека ја прави.
Се уште ми е во срцето и се вртам по неа исто како и првиот ден.

