Автор Тема: Fiat Bravo 2.0 m-jet  (Прочитано 23123 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #90 на: 04 Април 2022, 19:14:48 pm »
Испробана метода ми е тоа златин, не функционира - за жал.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #91 на: 04 Април 2022, 19:19:59 pm »
Со пуштена клима и циркулација од надвор, пак магли?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #92 на: 04 Април 2022, 19:22:21 pm »
Не магли ама не се вози на ладно со клима 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #93 на: 04 Април 2022, 20:05:35 pm »
Не магли ама не се вози на ладно со клима 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Климата уклучена, греење на топло. Ако е автоматска, ставаш на 25 степени ауто и пичи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #94 на: 04 Април 2022, 20:09:01 pm »
Со пуштена клима и циркулација од надвор, пак магли?



Еве колку „одмаглува“ со пуштена клима и циркулација од надвор. Испробан е и тој метод и делумно помага.
Се осеќа разлика со циркулација од надвор и циркулација од внатре, така да не е до клапната за пренасочување на воздухот.

Рики, се вози и зимно време со клима, само што е пуштена на топло, да го суши воздухот, ја зима влагата и се одмаглуваат прозорците што во мојот случај не функционира.  :D

Автоматска клима е Симо со две зони за возач и совозач, мада немам простудирано како функционира па си ја користам како мануелна.  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #95 на: 04 Април 2022, 20:14:31 pm »
Провери да не имаш некој влажен теписон, вода под патосници или гепек, дигни кај резервното тркало. Толку да магли и да не може климата да одмагли малце е чудно.
Пробај вози цело време со уклучена клима, не ја гаси во влажни денови. Види цревцето за исцедување на кондензот од климата да не е затнат.
Секако, се надевам дека не ти губи антифриз, пошто може и да пушта радијаторчето во кабина, па да ти магли од него.. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #96 на: 04 Април 2022, 20:26:09 pm »
Теписонот под патосница е сув барут, ми се има случено уште кога ја купив после обилни дождови поминав низ еден канал со длабока вода и под резервното тркало имаше влезено вода, каде што и како појма немам, следам редовно ситуација таму и од тогаш нема веќе вода, и тогаш не маглеа прозорците, сега почна есента тој проблем.

Антифриз губи од едно црево што влага во блокот на моторот, ќе да е дихтунг на спојката, не губи антифриз веќе, има засушено и си дихтува.
Секако ќе се провери и тоа црево, ако е за замена ќе се смени. А еве и зошто сумљам во радијаторчето под шалтаблата:



Се гледа убаво на сликата, на двете црева влез и излез од тоа радијаторче, каде има течено антифриз. Ќе да е малце дупнато, штом немам влага никаде на теписон.

Имам возено цело време со пуштено клима ама кога не се ниски температурите, еве сега на вакво време немам гајле со маглење, али околу нула и со пуштено парно, ненормално магли, што сакаш прави.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #97 на: 04 Април 2022, 20:55:55 pm »
Не магли ама не се вози на ладно со клима 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Климата уклучена, греење на топло. Ако е автоматска, ставаш на 25 степени ауто и пичи.
Кај мене е мануелна клима,со вклучена клима на топло маглеше,на ладно одмаглуваше,посебно на дождилаво време катастрофа беше 😅

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #98 на: 05 Април 2022, 10:34:50 am »
Го имав јас тотално истиот проблем со антифризот и маглење во Пежото. Кога го сменивме казанчето се оправи, баш како што мислиш ти.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #99 на: 05 Април 2022, 18:39:42 pm »
Иста ситуација имав со пунтото, кога се смени казанчето се среди и со маглењето. Ако имаш антифриз ставено во колата кога ќе ти замаглат прозорите, пребриши со крпа и мирисни ја. Ако е казанчето крпата ќе мириса на антифриз и стаклото ќе биде мрсно.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #100 на: 06 Април 2022, 15:26:58 pm »
Мрсно е стаклото, не помага бришење со карбонфибер крпа.

Ќе се среди, мајсторот ќе кажи шо и е, вака може муабет да кршиме до утре.  :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #101 на: 06 Април 2022, 19:31:20 pm »
Хладњаче за парно 100%.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #102 на: 06 Април 2022, 21:39:57 pm »
Казанче 1000%, мрси од антифризот, ако е недостапно ко во голф, еден ден работа има буквално, цела маска вадење, потпора железна, летвата поместување итн. за дел од 1500 денари... Повеќе работна рака ќе ти лупнат него за цел мотор да сменат,  ако ти се замара не е сложено, ќе изгубиш ден , ќе уштедиш 5-9 иљади за работна рака :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #103 на: 18 Април 2022, 16:55:41 pm »
Една евиденција за промена на зимните со летни гуми:
Датум: 18.04.22
Километража: 233.300км

Летните гуми предните се на 6.5мм а задните 7мм шара па задните ги наместив напред.
Со зимните поминати 3.300км од 10.01 до 18.04, задоволен сум од Савата.  :)

Отсутен gtiT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #104 на: 18 Април 2022, 23:10:14 pm »
Со маглењето стакла го реши проблемот?