Еден upgrade или downgrade за мене, две во едно, како ќе му дојде.

Поради нашите убави патишта, барав чаре за тврди возни карактеристики на фиатот, и излезе овој оглас каде ги пазарив бандажите со изговор дека се многу ретки и морам да ги имам:

Беа во средно жалосна состојба, па ги средив малце на свој начин и во домашни услови:

Купив и гуми за нив Debica Presto HP2 во димензија 205/55/R16:

Нивна монтажа на кола:

И дојде вака, sleeper mod:

Да не биде штуро пазарив и раткапни, ама не ги задоволија моите очекување, мислев рамни се а не вака испапчени.


Возни карактеристики се подобрија и те како, дупки впива одлично, плива по патот во споредба со претходно, ама има и мани, не е толку стабилна во кривини се осеќа и те како, на големи брзини не е толку стабилна, немам сигуроност над 140-150 како што имав со 18ките. Уште се навикнувам на неа сега, во смисла на возење, изглед - тапа.
Огромна желба ми се овие бандажи фабрички 16ки и би ги заменил 18ките за овие:


Друго си порачав од али лед 4500к за кратко светло и барем позитивно нешто од овој пост добив убаво соборено светло.


Нај ниска потрошувачка што успеав да извадам од овој мотор е 4.2л/100км.

Успеав да најдам и кој тип на менувач носи колата, по долга потрага на интернет а уствари го пишувало на самиот менувач тоа.
F40 C542

Се намножија и доста бравовци, насекаде ги гледам.

Најдов податоци и за мојата кола од италијанска табличка каде се потврдуваат километрите овде и со сервисната книшка.

Моментално е на 212.000 и нешто ситно, се вози активно секој ден, задоволен од колата и полека полека сакам да ги средам сите недостатоци и да биде по мој вкус.
