Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229832 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #885 на: 18 Ноември 2017, 17:55:26 pm »
CC ni ne pomisluem neuskladeno-nedefinirano da ne recam ruzno mi e...

:o :o :o







:P
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #886 на: 18 Ноември 2017, 18:01:15 pm »
Citroen Xsara 1.4i -  2004 година после скоро 2 месеци користење:

- командите кои ги внесувам во возилото немаат никаква повратна информација.
- зентериерот е прилично лабаво заштрафен, два дена стегав и престегнував пластики насекаде низ колата бидејќи ме нервираа крцкањата, сега е (по)раат за возење
- фали звучна изолација
- има зачудувачки малку простор во кабината, иако има слични димензии со Алфа 145 (моето друго возило).
- ненормално црн и досаден ентериер, нешто што ќе пробам да го променам со деталчиња.

Други замерки немам, освен што 5 дена е без таблици и не можам да ја возам :)

Бонус после 1 година и 1 месец:

- Иако колата има доста тазе амортизери, стави двајца луѓе со нормална тежина позади и задниот дел влага во стенс нејшн мод. Буквално секоја Ксара што сум ја видел исто се однесува. Позитивно од ова е што кога седат двајца позади, помазно вози колата на нерамнини ;D ;D ;D

- Совозачкото седиште (веројатно зашто ретко се возеле луѓе на него) е неудобно за седење - што би се рекло „неразгазено“ е ;D

- Уште е тесна е внатре седаиебам ;D Пробувам да си објаснам како две коли со идентично меѓуоскино растојание (Alfa 145 и Citroen Xsara) имаат толку огромна разлика во простор за патници (па и во гепек). Апсурдно!

- Француска електроника/електрика е можда полоша од италијанската:
1. Прва и втора брзина на вентилаторот не работат.
2. При секое гасење на контакт, сите стрелки се пореметуваат малку, подрипнуваат пред да си „легнат“ на место.
3. Некако магично заземјувањето на една од задните врати е ослабено, и при заклучување на кола, наместо како сите нормални луѓе да ги проверувам предните врати, ја ги проверувам задните (воедно и заземјувањето за звучникот во таа врата е толку слабо што едвај работи).

Сигурно ќе најдам уште маани, али сега за сега, и покрај толку ситни маани, не служи многу многу подобро од очекуваното. Тешко срање е за динамично возење, па затоа во последнава година станав многу дефанзивен, пензионерски возач бидејќи сфатив дека нема што да бара „магаре на Nurburgring“.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #887 на: 18 Ноември 2017, 19:20:17 pm »
Да не ти се отидени спиралите чим не може висина да одржува колата?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #888 на: 18 Ноември 2017, 19:42:35 pm »
Мислам дека е торзија кутрата. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #889 на: 18 Ноември 2017, 19:48:17 pm »
Пежо 207 1.6 хди
Тапа е што некој во 2006 година искеширал скоро 20 000 евра за да ја купи на ново, за да сега чини една осмина од тоа.

Федерот на куплунг (бесење на плоштад во Париз на тој што му текнало да стави таква направа во кола), непрецизен менувач (сменив масло и семеринзи ама изгледа и на нова кола си е таков), филтер за нафта чини 2600 денари, скоро целата кола е со делови од валео и делфи (моите два најомразени производители на резервни делови), моторот си јаде замајци (сменет нов сет валео со едномасен замаец пред 30000км и сега почнува штурчето пак да се слуша). Сега за сега тоа.
Зини да ти кажу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #890 на: 18 Ноември 2017, 22:03:47 pm »
Трапот сака чистење на површинска рѓа, наследство од дружбата со opelj при дизајнирање :D

Е да бе!? Опељ крив. Жабарот никогаш нема енглески да научи а не па германски.

Фиестата е со потврд материјал и после 5-10 години користена од буквално истите луѓе е ганц нова после добро чистење.

Тоа е тоа ја шо викам...

Мојата кола е тапа затоа што ја немам.

Па не треба секој да има кола у принцип... ;) мала шала ;)

Иначе Рено Меган после 6 месеци користење. Стварно не можам да и влезам во штос на колава. Некои работи се генијални, други работи се тежок аматеризам, да не ти се верува колку смотани може да се французиве. Имплементација на технички решенија полошо од она што децана од фризерско би ги имплеметирале.

Прво, општ дизајн катастрофа. Едноставно не мислеле, некој се заебавал на работа. Под хауба толку многу лисја се собираат тоа невероватно. Секој викенд јас вадам цело кило лисја од под хауба. Од Спаркот па и други коли ни ливче не сум извадил. Кај меганов ова е тотална глупост, ќе зеам ќе го оставам па нек се запали нек иде у ПМ. После секое врнење во 5-тата врата се собира по цело литро вода. Чим врнело или врне, отварам гепек и бегам подалеку пошто од секаде течат потоци вода. И после скапуело, епа ќе скапуе...

Глупаците од Рено така го конструирале системот за дренажа на кондензирана вода од климата да треба во рок од 7 месеци два пати да ја носам на сервис. Се затвунва некое црево за истекување на вода и внатре ми тече вода од климата. Подот се прави жива вода, па псле цркала електрониката на Рено, епа црка кога се дибеци, најпрост технички проблем да не знаат да го решат.

Пластиките внатре се мизерија. Скоро секаде каде има гумирана пластика сега се лупи после 10 години и се претвора во жива гума.

Не капирам зошто, влегивам во кола, тргам и све тропа и крцка внатре. Мавам со тупаници по тоа таблите и престанува. После 5 минути пак почнува се да тропка и крцка, попуштам радио да не го слушам. Се паркирам, после 5 минути влегувам пак во кола и трага нема од крцкањето. Ги нишанам дупките намерно за да крцне ама јок, нити тропнува нити крцнува. Зстанувам на бензинска, гасам кола, палам после 5 минути и тргам и пак почнува све живо да крцка. Луд јебе збуњеног.

Застанувам на патарина тетово, плаќам, тргам, прва брзина, ставам во втора, пуштам куплунг и т'нк!! Како жица од гитара се кине некоја сајла за лумбалната поддршка во возачкото седиште. Од чиста мира. Нејсе, договорено ново седиште, пошто сите сунѓери се уништени и се распаѓаат, менувам седиште и одам по нови навлаки кај Самад.
Напред под шофершајбната и внатре во касетата гледам дека некој црн материјал се рони, како некој сунѓер кога се распаѓа, нон стоп наоѓам црна прашина околу предницата. Очигледно Рено не е возило за долготрајност. Возиш док можеш да трпиш и под преса.

Се мислев да земам бандажи, нови премиум гуми, да ја средувам, да ја дотерувам, ама сфатив дека Рено е аматеризам. Не ми е прво Рено, имав Твинго ново од салон. Освен мегханиката која функционира перфектно од секој аспект, све друго кај Рено е аматеризам. Нек тера вака уште година дена, па таман нешто ново јапонско, секако хибрид.

Еден мочан Спарк од далечниот исток може лекции за издржливост да држи. Покрути пластики, помалку опрема ама 10 години само фарови што цркнале, друго ништо ни да тропне ни да мрдне.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5553
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #891 на: 18 Ноември 2017, 22:23:51 pm »
Тоа што  ти се полни  вода е чест проблем  од негрижа,  земи исчисти  си ги каналите секаде.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #892 на: 18 Ноември 2017, 22:27:14 pm »
Тоа што  ти се полни  вода е чест проблем  од негрижа,  земи исчисти  си ги каналите секаде.

Негрижа? Немој да ме јебеш. Јас на ниедна кола не сум имал таков проблем а никогаш не сум имал проблем со затнување. Факт е дека технички е лошо решено тоа кај Меганот. Два пати го чистев во овластен сервис, вториот пат стоев до сервисерот и гледав што прави.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6740
  • Бенве сие бенве
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #893 на: 18 Ноември 2017, 22:32:22 pm »
Сочувство од мене Миле, види ми аватар...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #894 на: 18 Ноември 2017, 22:41:04 pm »
Сочувство од мене Миле, види ми аватар...

Немаш потреба да сочувствуваш со мене ниту па твојот аватар има некаква врска. Јас знаев што да очекувам кога ја земав колата. Битно ми беше само да се движи економично и без проблем. Тоа и го прави. Колата си ја врши работата, моторот и мењачот се прекрасни, подобри од други поизвикани брендови. Хендлинот е одличен, звучната изолација е одлична. Комоција има на многу високо ниво ,просторот е убаво уреден. Само што потфрлаат во некои работи кои без многу напор и трошок можеле да ги решат и да биде најдобро возило во класата.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6845
  • French diamond
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #895 на: 18 Ноември 2017, 23:21:20 pm »
Није за сваки сељак Рено  ;D

Тапа кај мојот Меган е задницата дефинитивно, си тропка по малце и е крута пошто е торзија најверојатно... и на претходниот беше таква и на овај фејслифтот е таква.

Друга тапа е тоа што не знае да работи мирно на лер гас и што е најстрашно слепците од Рено сервисот 2 пати не успеваат да го средат тоа.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #896 на: 19 Ноември 2017, 01:41:32 am »
Да не ти се отидени спиралите чим не може висина да одржува колата?

Не е до мојата кола, безброј Ксари забележав (каква кола и да имаш, секогаш се загледуваш во други такви) со истиот „проблем“. Изгледа до комбинацијата спирали/амортизери е, меко со меко комбинирале од фабрика. Имав среќа да купам кола одржувана во овластен, така да OEM спецификација суспензија има, неодамна сменета.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #897 на: 19 Ноември 2017, 01:59:19 am »
Рено твинго прва генерација :

- нема бленда долги светла ,или вклучени или исклучени
- внатрешната сијаличка се пали само при отварање на вратите , копче нема
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #898 на: 19 Ноември 2017, 16:31:00 pm »
Миле, мк2 Меган имаш ? :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #899 на: 19 Ноември 2017, 18:26:50 pm »