Трапот сака чистење на површинска рѓа, наследство од дружбата со opelj при дизајнирање
Е да бе!? Опељ крив. Жабарот никогаш нема енглески да научи а не па германски.
Фиестата е со потврд материјал и после 5-10 години користена од буквално истите луѓе е ганц нова после добро чистење.
Тоа е тоа ја шо викам...
Мојата кола е тапа затоа што ја немам.
Па не треба секој да има кола у принцип...
мала шала
Иначе Рено Меган после 6 месеци користење. Стварно не можам да и влезам во штос на колава. Некои работи се генијални, други работи се тежок аматеризам, да не ти се верува колку смотани може да се французиве. Имплементација на технички решенија полошо од она што децана од фризерско би ги имплеметирале.
Прво, општ дизајн катастрофа. Едноставно не мислеле, некој се заебавал на работа. Под хауба толку многу лисја се собираат тоа невероватно. Секој викенд јас вадам цело кило лисја од под хауба. Од Спаркот па и други коли ни ливче не сум извадил. Кај меганов ова е тотална глупост, ќе зеам ќе го оставам па нек се запали нек иде у ПМ. После секое врнење во 5-тата врата се собира по цело литро вода. Чим врнело или врне, отварам гепек и бегам подалеку пошто од секаде течат потоци вода. И после скапуело, епа ќе скапуе...
Глупаците од Рено така го конструирале системот за дренажа на кондензирана вода од климата да треба во рок од 7 месеци два пати да ја носам на сервис. Се затвунва некое црево за истекување на вода и внатре ми тече вода од климата. Подот се прави жива вода, па псле цркала електрониката на Рено, епа црка кога се дибеци, најпрост технички проблем да не знаат да го решат.
Пластиките внатре се мизерија. Скоро секаде каде има гумирана пластика сега се лупи после 10 години и се претвора во жива гума.
Не капирам зошто, влегивам во кола, тргам и све тропа и крцка внатре. Мавам со тупаници по тоа таблите и престанува. После 5 минути пак почнува се да тропка и крцка, попуштам радио да не го слушам. Се паркирам, после 5 минути влегувам пак во кола и трага нема од крцкањето. Ги нишанам дупките намерно за да крцне ама јок, нити тропнува нити крцнува. Зстанувам на бензинска, гасам кола, палам после 5 минути и тргам и пак почнува све живо да крцка. Луд јебе збуњеног.
Застанувам на патарина тетово, плаќам, тргам, прва брзина, ставам во втора, пуштам куплунг и т'нк!! Како жица од гитара се кине некоја сајла за лумбалната поддршка во возачкото седиште. Од чиста мира. Нејсе, договорено ново седиште, пошто сите сунѓери се уништени и се распаѓаат, менувам седиште и одам по нови навлаки кај Самад.
Напред под шофершајбната и внатре во касетата гледам дека некој црн материјал се рони, како некој сунѓер кога се распаѓа, нон стоп наоѓам црна прашина околу предницата. Очигледно Рено не е возило за долготрајност. Возиш док можеш да трпиш и под преса.
Се мислев да земам бандажи, нови премиум гуми, да ја средувам, да ја дотерувам, ама сфатив дека Рено е аматеризам. Не ми е прво Рено, имав Твинго ново од салон. Освен мегханиката која функционира перфектно од секој аспект, све друго кај Рено е аматеризам. Нек тера вака уште година дена, па таман нешто ново јапонско, секако хибрид.
Еден мочан Спарк од далечниот исток може лекции за издржливост да држи. Покрути пластики, помалку опрема ама 10 години само фарови што цркнале, друго ништо ни да тропне ни да мрдне.