Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229838 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #870 на: 17 Ноември 2017, 15:05:03 pm »
Ај вие што се подновивте со количиња да ги поплукате малку  ;)

@Simo - Carrier159 ајде молба до тебе прв, поклони се и почни  :D
Ме интересира за 159-ката.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #871 на: 17 Ноември 2017, 22:41:40 pm »
Има тапа моменти...  Да пробам да се потсетам по ред:

Многу е ниска. Уствари има една испакнатина на заштниот капак (само на TBi), која фаќа секаде. Мислам дека уште 2-3 месеци и нема да фаќа никаде веќе ;D

Би сакал седењето да е уште малце пониско, мада не е како во 147-ца, ама сеепак уште малце, не е наодмет.

Црна е. Ти*ам бојата за одржавање!

Торкот не се пренесува лесно на предни тркала, доста пазење со папучата за гас, инаку шлајфа и рипа. Да погодиш добар старт, треба доста вежбање и запознавање со колата.

Ќе треба да надополнам подвозје со некои билштен б8 или кони аџастабл, пошто не ми се свиѓа моментално како се однесува на бампи роудс, а кај нас повеќето се такви (признавам, јас сум крив со моите хирови за спуштено ауто).

Мењачот (гетраг м32) посебна прича. Со сила треба да го „тераш“ у брзини, па не сум секогаш на трки, амуеам...
Шалтањето е „полупрецизно“, некако недефинирано, за малце ќе беше прецизно.
Куглата за мењач е заштрафена со 10-ка штрафче, што стално се олабавува. Утре иде локтајт тредлокер на него, па да видиме што ќе биде.
Трапот сака чистење на површинска рѓа, наследство од дружбата со opelj при дизајнирање :D

Е сеа некои други зајеби што сум ги имал до сега:

- ми пукна едно панцир црево за клима на излез од компресор, среќа го оправив за ситна пара.
- ми се откачи вакуум цревце од турбото, немав буст цела последна клаберска вожња. Решено дома за 5 минути.
- ми се скрши една спојка на црево за поврат на течност за ладење од турбото до казанче, среќа во град ми се деси, и брзо приметив,  али драма беше, со пареа од под хауба, со све, ко права алфа! Решено дома за 5 минути.
- Знае ко елка да се напраи инструмент таблана (алфа е, шо сеаа) - последица од доџи кабли на novitec тјунинг боксот (контактите од боксот до тротл бодито), го решавам од време на време со контакт спреј и си тераме така 5-6 месеци.
- еден звучник у задна врата ми прди (уште не сум се решил да отварам тапацири и да ставам фокалите)
-  USB-то знае понекад да не ми го чита, извади-стави тактика, проработува (соработка со Microsoft е тоа blue&me системот)
- исто така, кога го чита, без разлика што последен пат било пуштено радио, кога ќе упалам кола, пак на усб се свичува
- звукот што го произведуваат фабричкит звучници (нема босе мојата), може не треба звук да се вика, туку шум или галама.. тапа жива.
- кожата е со послаб квалитет од постарите алфи.
-троши мајгеиганабијем.

тибам алфа тибам... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #872 на: 17 Ноември 2017, 22:59:52 pm »
Ретко вака искрен лик на форумов. ;D
И ти си доста "душеван" што би рекол колегата @marmlad

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #873 на: 18 Ноември 2017, 00:51:30 am »
Нешто кај BMW-то.

- Ме нервира кога ми откучува саатница (0.100 грама нафта на секои 5 секунди на семафор). Онака гледаш да речеме 10.1...10.2...10.3...10.4... дур да завршил семафорот просек покажува ѓаол и пол а ти само дремеш во место. Не знам колку е реално ова.
- Борд компјутерот е факин комплициран. Hidden менија, вамте тамте...собери ги последните броеви на шасијата, внеси го кодот, ...аман...спејс шатл.
- Ми се појави додатно мени (trip computer, навигација) на самиот екран од нигде никаде и стои така на сите дисплеи. Има опција да го исклучиш ама не се исклучува т.е останува црн квадрат. Пребарав во BMW форуми и сите се као „Ако еднаш се појави нема враќање назад“. Не дека нешто смета, ама многу поубаво ми беше со fullscreen дисплеј :)
- Кога сме веќе кај iDrive, преееемногу нежен систем, катастрофално ладење имаат за во лето, па дури кај F10 цркнуваат. Поправка? 300 евриќи.
- iDrive други issue-а:
  - Кога слушаш радио пример, бираш станица, излегуваш да побараш нешто друго на системот и мора во сред возење, пак да влезеш Entertainment, па да се селектираш CD/DVD/Radio, па да бираш станици. Значи едно 10 секунди да смениш факин станица ако сакаш.
  - Кога подесуваш температура и правец на дување е исто цела перипетија, од триста подесувања, па дали да било тоа се топли или ладни 22 степени (као летен/зимски мод).
Џисз!
  - Сеуште не знам како да го сетирам борд компјутерот за повеќе патувања :D (RTFM)

- Не ми работи (сеуште) панорамата. Чека поубаво време.
- Ми магли предниот десен фар. Чека, чекан да ме удри и да се натерам да ја однесам да ми ја средат. Не ми работи веѓата (тоа портокаловото што свети над фарот).
- Менувачот знае да има „mind of its own" т.е ти го учи стилот на возење. Прееска нешто поагресивно ја возев, во D (не во спорт) и кога тргав нога од туража ми ја држеше брзината као „Ааа,...сакаш динамична вожња, чекај ќе ти смалам брзина“ а уствари во моментот само си сакал да стиснеш и да продолжиш да возиш :) Се оправа за неколку секунди ама знае да те изненади.
За среќа има reset опција ако ептен почнува да се глупира.
- DRL се премногу слаби за DRL. Можда треба да ги сменам сијаличките.
- Ми углави механизмот за задното стакло, го растурив задниот капак и го средив за еден саат. Сега не го отворам :D
- ПРЕМНОГУ звучен заден механизам за отворање на багажник. Мислев дека нешто не е во ред кај мене, ама на YouTube гледам сите истиот звук го вадат.
- Не ми се допаѓаат кочниците. Иако исправни, научен сум на кочењето како кај Alfa-та, каде што се вкопуваш кога ќе кочиш. Кај оваа има кочење ама некако е не толку директно.
- Очекував поголема динамика во кривини, сепак премногу се осеќа дека е лаѓа и дека не сака да ја фрлаш многу во кривини.
- МЕ НЕРВИРААТ АВТОМАТСКИТЕ БРИСАЧИ. Нема manual mode освен она краткото притискање надолу и притискање нагоре за ептен зголемување на брзина на бришење.



Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #874 на: 18 Ноември 2017, 09:44:33 am »
И ја една ситна забелешка. Не е од возачки аспект, нема ни еден рукофат напред/позади, и додека тој напред ќе може да го намали стравот од торкот со држачот на вратата тие позади се оставени на милост и немилост ... :D
Исто излезот од задната клупа за постари лица е мишн импосибл...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #875 на: 18 Ноември 2017, 09:54:56 am »
Централната конзола на Полото е од мек материјал и изгледа одлично првите 10 години. Ама после тоа веќе почнува да се лиже слојот и изгледа остарено.
Убаво е што ТЕЕН знае да ги поправи овие пластики ако многу се излижат. Зошто кај луѓе што не ги пазат колите после 5 години тој материјал ќе е испогребан.

Фиестата е со потврд материјал и после 5-10 години користена од буквално истите луѓе е ганц нова после добро чистење. Штета што нема изолација и оди со нелогичен мотор и уште понелогичен менувач.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #876 на: 18 Ноември 2017, 11:21:16 am »
Минус:
- Опел ко Опел... Почна да ми јавува крцкање на горната лајсна на возачката врата, одма до прозорот што е. Проблем е што ја потпирам раката таму, кога возам со една рака. Не се јавува стално, ама кога се јавува, нервира. Не знам дали некакво подмачкување со нешто, би помогнало за таа ситуација, пошто има допирање и триење на цврсти материјали, па поради тоа се јавува звукот.
- штитниците за сонце се премногу дебели, па не може да се стават држачи за наочари.
- борд компјутерот е прилично непрецизен. Има 0.6-0.8 литри разлика во тоа што покажува, и тоа што ми испаѓа според сметките.
- нема „стапче“ за мерење на количество на средство за миење на шофершајбна. Има сензор да ти каже кога немаш, ама нема начин у било кое време да увидиш до кое ниво е.
- звучничето за предните паркинг сензори е многу гласно. Не знам дали има можност да се стиша малку, али радо би го направил тоа... Ептен се дере. За задните е многу посуптилно.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #877 на: 18 Ноември 2017, 12:40:51 pm »
poleka preagam na normalno rabotno vreme i pocnuem dago gledam passatoof
gasta treba da e pritisnata do pod inace pri trgni-zastani kompjuterot pri stoenje vo mesto a ko e vo brzina sam si dodava gas i brmci. Zadniot kapak mi e mnogu mal, poslem 5god vozejne Octavija ova mi e taznoo ko kego vidam.Istiot nema nesto za sto bi fanal dago zatvoram. Maalce posporo mi reagira na pedalata za razlika od Octaviata ili jas imam takov oset seuste... Ogledalistana vo Octavijana isto mi nedostasuvaat.
Zasega tolku...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8691
  • Пичлеме
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #878 на: 18 Ноември 2017, 14:01:32 pm »
Нереална споредба, спореди со нешто друго или вооопшто не споредувај. Шкода е ултимејт! :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #879 на: 18 Ноември 2017, 15:44:44 pm »
Мојата кола е тапа затоа што ја немам.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #880 на: 18 Ноември 2017, 16:46:52 pm »
kakfa skoda be to neekolaa 😁 to e kolaa na metar 😄
Sfarno mi nedostiga pozadi 5tata vrata, toga passatoo bi bil son 😎
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #881 на: 18 Ноември 2017, 16:52:34 pm »
Смени го за Пасат ЦЦ.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #882 на: 18 Ноември 2017, 17:00:29 pm »
 CC ni ne pomisluem neuskladeno-nedefinirano da ne recam ruzno mi e...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #883 на: 18 Ноември 2017, 17:04:48 pm »


Лелееее што кажаааа... Мисли му ја сеа...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #884 на: 18 Ноември 2017, 17:12:36 pm »
ne kazaf jas nisto, pazarot si go kazue to od odamna jas samo potvrduem... toyota Avensis isto sakam kazam neznam recam
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.