Има тапа моменти... Да пробам да се потсетам по ред:
Многу е ниска. Уствари има една испакнатина на заштниот капак (само на TBi), која фаќа секаде. Мислам дека уште 2-3 месеци и нема да фаќа никаде веќе
Би сакал седењето да е уште малце пониско, мада не е како во 147-ца, ама сеепак уште малце, не е наодмет.
Црна е. Ти*ам бојата за одржавање!
Торкот не се пренесува лесно на предни тркала, доста пазење со папучата за гас, инаку шлајфа и рипа. Да погодиш добар старт, треба доста вежбање и запознавање со колата.
Ќе треба да надополнам подвозје со некои билштен б8 или кони аџастабл, пошто не ми се свиѓа моментално како се однесува на бампи роудс, а кај нас повеќето се такви (признавам, јас сум крив со моите хирови за спуштено ауто).
Мењачот (гетраг м32) посебна прича. Со сила треба да го „тераш“ у брзини, па не сум секогаш на трки, амуеам...
Шалтањето е „полупрецизно“, некако недефинирано, за малце ќе беше прецизно.
Куглата за мењач е заштрафена со 10-ка штрафче, што стално се олабавува. Утре иде локтајт тредлокер на него, па да видиме што ќе биде.
Трапот сака чистење на површинска рѓа, наследство од дружбата со opelj при дизајнирање
Е сеа некои други зајеби што сум ги имал до сега:
- ми пукна едно панцир црево за клима на излез од компресор, среќа го оправив за ситна пара.
- ми се откачи вакуум цревце од турбото, немав буст цела последна клаберска вожња. Решено дома за 5 минути.
- ми се скрши една спојка на црево за поврат на течност за ладење од турбото до казанче, среќа во град ми се деси, и брзо приметив, али драма беше, со пареа од под хауба, со све, ко права алфа! Решено дома за 5 минути.
- Знае ко елка да се напраи инструмент таблана (алфа е, шо сеаа) - последица од доџи кабли на novitec тјунинг боксот (контактите од боксот до тротл бодито), го решавам од време на време со контакт спреј и си тераме така 5-6 месеци.
- еден звучник у задна врата ми прди (уште не сум се решил да отварам тапацири и да ставам фокалите)
- USB-то знае понекад да не ми го чита, извади-стави тактика, проработува (соработка со Microsoft е тоа blue&me системот)
- исто така, кога го чита, без разлика што последен пат било пуштено радио, кога ќе упалам кола, пак на усб се свичува
- звукот што го произведуваат фабричкит звучници (нема босе мојата), може не треба звук да се вика, туку шум или галама.. тапа жива.
- кожата е со послаб квалитет од постарите алфи.
-троши мајгеиганабијем.
тибам алфа тибам...