Volkswagen Golf VI 2.0 TDI Highline
- Нема Блутут. Тоа е повеќе кривица на импортерот отколку на брендот.
- Управувањето е директно и прецизно, ама без доволно фидбек. Последица на користење електрично (наместо хидраулично) серво.
- На ~20.000 км се искина парчето штоф што го ставаат меѓу возачкото седиште и носачот за местото каде се приклучува каиш, и почна да подкрцнува. Бутнав малку материјалче, звукот го снема. Други звуци нема.
- Кога ми го искршија задниот прозор, малку се издеформира долниот кедер и од тогаш не легнува како што треба. Се изместува за 1мм, и скоро неприметливо е, ама ЈАС го приметувам и ми оди на нерви. Можеби ќе нарачам нов.
- Ми фали моментот со автоматско затворање прозори кога ќе заклучам (го имав во Леонот). Да, знам дека со држење на копчето за заклучување се затвораат прозорите, ама попрактично ми беше само да заклучам и да не се замарам.
- Премногу е исправен наслонот на задните седишта.
- Нема USB. Има влез за SD картица, брка работа, ама USB би било малку попрактично. Како и да е, имам 16 гига картица полна со музика, не ми смета до толку.