Јас за мене си ја најдов идеалната комбинација, секако дека не сите имаме исти преференци и желби за слушање (и замарање):
1.Дигитална библиотека од избрани flac-ови, мои рипови од точно избрани дискови (продукции) и Tidal, сето тоа фантастично интегрирано во Roon и си дреме на медиа сервер.За мене ова е фантастичен начин за casual слушање на музика, откривање на нови албуми/артисти, а потоа тоа што навистина ми се допаѓа, се наоѓа во hard copy во најдобра продукција што можам да си ја дозволам, се купува и се архивира.
2.Кога навистина сакам да се "замарам" и препуштам на слушањето (и ритуалот што е дел од слушањето), тогаш се бара физичкиот медиум и се "исклучувам" од се останато.
Генерално, 90% од времето сум на чекор 1 заради огромниот број на достапни албуми и истражувањето на нова музика.Во принцип ич не ме интересира дали медиумот е LP,CD,Flac итн, се додека продукцијата е како што треба.ОК, малце излажав, давам мала предност на физички медиум

А да, и сите оригинал дискови од 80-ти и 90-ти што ги имам работат перфектно и без никаков проблем - потврдено и при рипување на целата колекција со AccurateRip.