Малку ми е срам без купен грамофон да отварам ваква тема, али подобро вака отколку да сметаме во Рекла казала или да гњавам по пп.
Значи , буџетот ми е максимум 300 евра за грамофон и (за сега) се двоумам меѓу овие модели:
AMERICAN DJ TT-RECORD 11.990
PIONEER LP990 - кој е компатибичен со PIONEER VSX 570 појачалото кое го имам. 11990.
AUDIOTECHNICA LP60 ..околу 16.000.
Мислам дека сите 3 се на каиш, али според она што се изнагледав/изначитав овие 2 дена, првиот делува најдобар бидејќи има аголна, не автоматска рака (или како веќе се вика) , рачно подесување на тежината на раката/иглата, променлива глава за апгрејд, а верувам и вграден anti-skid, како и УСБ за поврзување со PC за снимање и бекап.
Половни грамофони не сум барал и секој предлог за оваа сума е добредојден.
Но, гледам дека и двајцава на јутуб кои ги водат винил каналиве имаат Audiotechnica LP 120, кој со надградба на Goldring Е-1 глава би коштал солени 25.000 ден.
Воедно истата глава може да се монтира и на првиот American DJ грамофон кој го постирав.
Битно, почело је...
4 албума од Пинк Флојд, 4 од Леб и Сол, Паганини и Чајковски.
Џам очувани, поклон од дедото.