Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 64229 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #60 на: 09 Јули 2019, 20:47:19 pm »
Во ред. Јас "синтетиката" како проблем ја гледам во неквалитетното озвучување, а не во изворот на музиката. Имено, слушање на мобилни, батал слушалки, батал звучници, е многу различно од пристојна (не скапа) опрема, од типот на стерео засилувач поврзан на компјутер и пристојни звучници кои се добро нагодени и може да репродуцираат доволно фрекфенции и да имаат пристојно рамна амплитудно-фрекфентна карактеристика. Во комбинација со убава снимка од 320кбпс или флак искуството е извонредно.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #61 на: 09 Јули 2019, 21:23:39 pm »
Добра поента имате и двајцата, него не стигнав на време да му одговорам на Mikius, само удрив like од телефон.

Финтата во она ангажирано слушање музика каде физички мора да го предизвикаш уредот да свири е незаменлив фетиш.
Толку незаменлив што за мене не е ни фетиш :)

Тој проклет мирис на стрипови и (особено стари) плочи со пари не се купува.

Ама, пак дигиталното си има свои предности:
- веќе си на фотељата
- сè е спремно
- пушташ дупли албум и не пропушташ ни секунда од почетокот на дуплите албуми :)))

Со плочите тропаш додека стигнеш до фотеља и може да се пропушти по нешто секој пат :D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Винил култура
« Одговори #62 на: 09 Јули 2019, 22:37:51 pm »
Кревет и фотеља не е исто :)
Фотељата е до аудио системот, по можност ;D

Можеби не се изјаснив најдобро, синтетика кога слушам музика од хард диск, двд диск или цд со 50 мп3-ки на 320 наспроти цд со 10 траки и омот во рака. Не ми е проблем квалитетот, туку квантитетот, нема чувство на поврзаност, идентификација, со носач на звук.
Правење плејлисти и манипулација со нив на компјутер е позитивна страна на мп3.

Мп3 не е толкава трагедија како што се претставува по однос на загуба на квалитет (во зависност од жанр на музика), особено ако е изведена од оригинал цд или плоча и не се употребени динамични својства на граница на дисторзија.
Истово важи и за флак од кој дигнав раце бидејки воглавно мп3-ките ми се на 320 искомпресирани од оригинални дискови и плочи (долга и макотрпна работа додека ги најдам).
Тоа што едвај најдов во мп3 не верувам дека лесно ќе го најдам во флак, а немам веќе ни воља да пребарувам :)
Аудио опремата не мора да биде врвна, но ако е батал, нема спас ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #63 на: 10 Јули 2019, 10:27:21 am »
Пишете локации каде може да се набават нови и половни плочи во градов.
Покрај Југотон, ми спомнаа за некое место карши Холидеј Ин...?




Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Винил култура
« Одговори #64 на: 10 Јули 2019, 11:08:56 am »
Апотека во МКЦ :)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #65 на: 10 Јули 2019, 11:12:41 am »
Пишете локации каде може да се набават нови и половни плочи во градов.

Алфа Аудио

Пикс+

Чув Де Чув (Зоки)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #66 на: 10 Јули 2019, 11:27:50 am »
Во ред. Јас "синтетиката" како проблем ја гледам во неквалитетното озвучување, а не во изворот на музиката.

Кога велиш изворот на музиката, ако мислиш на медиумот, се согласуваме.

Винилот како медиум не е be-all-end-all решение. Мастерингот е клучен, и тука мора да работи некој кој знае да ги користи ограничувачките карактеристики на медиумот како таков, а да ги истакне предностите на истиот. Мастеринг за винил (особено со куќи како M.A. Recordings чиј процес е нашироко опишан) и мастеринг за комерцијален дигитален стрим (кој ќе се консумира на никакви слушалки и мора и таму да звучи пристојно) никако не е исто.

Постојат плочи кои не вредат ни за цената на PVC-то на кое се режени. Особено плочи кои се репликација на CD издание без ремастерирање на оригиналот.

Имаме среќа да живееме во време во кое и двете опции се релативно достапни, финансиски, па човек може да си дозволи да ужива во двете.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #67 на: 10 Јули 2019, 12:14:21 pm »
Тоа што ти го посочи се две сосема различни „песни“. Неможе да ги споредуваш меѓусебно. Барем не без другиот дел од постот. Најпрост пример е да земеме винил и неговите несовршености и скениран тој винил во 320кбпс. Тие како извор ќе се во основа исти. Но, било кој од двете пуштен на батал џебен звучник, телевизор, сараунд безвезеен или слично ќе е многу различен од слушање на еден нормален стерео систем поврзан на компјутер кој има пристојни перформанси. Значи зборуваме за основни потребштини за слушање на музиката. Цела.

Имено, не зборувам за минорни разлики, туку зборувам за комплетно фалење на инструмент од песната. Конкретно, инструментот бас не ни знаеле дека постои додека не ја чуле на пристојна опрема во повеќето песни.
Ќе дадам најпрост пример на секојдневна песна, која без соодветна репродукција мене ми звучи на батал песница, а кога е соодветно репродуцирана е одлична. И тоа од јутјуб со 128кбпс, разликата е ден и ноќ. Комплетно фалат инструменти.


Еев еде пример кој исто така звучи (за мене) потресително добро на пристојна опрема, а ќе си речеш дека е тиња песна ако ја слушаш на батал. Буквално фали половина од песната.

Ќе земам уште еден пак едноставен пример на огромна разлика, а е „песна“ за на радио. Сите ја имаат слушнато песнава. А дали 1% ја слушнале песната цела. Ја чуле веројатно горната половина од песната. Мастерингот е маестрален за секоја прилика. На што подобра опрема ја слушаш толку подобра станува песната. А најпроста песна навидум, радио хитче...


Тоа е првиот столб на музиката. Да ја чуеш цела прво и основно. А ова што го зборувам јас, го повлече тоа што го зборуваш ти - Loudness War, што е болна тема во светот на музиката.

П.С. Само да напоменам дека за пристојно сметам работи кои не се скапи, или преценети, туку едноставно некој минимум. Од типот на Marantz PM6006 и рецимо B&W 606 во Болин и над тоа.

П.П.С. Најдов добар пример на убаво изолиран дел од погорната песна кј ретко кој го слушнал дека го има во песната, а ја исполнува собата највеќе во реална репродукција.
« Последно менување: 11 Јули 2019, 09:14:33 am Deni »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Винил култура
« Одговори #68 на: 10 Јули 2019, 12:31:52 pm »
Чим бенцот не ти свири пред тебе не е то то.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #69 на: 10 Јули 2019, 12:44:21 pm »
На клипчево кое стручно се објаснувети ограничувањата не винилот и мајсторството за добар мастеринг во дадени граници од една страна, како и непостоењето на тие граници на дигитален запис, компресијата и згголемувањето на loundness како последница.


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #70 на: 10 Јули 2019, 13:04:25 pm »
Апотека во МКЦ :)

Такоѓер, ако бараш нешто поретко Тошо може да те упати кој има, а чува дома :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #71 на: 11 Јули 2019, 12:24:04 pm »
https://www.ebay.com/b/Vinyl-Records/176985/bn_1860303

Пет Метини...

https://www.ebay.com/itm/PAT-METHENY-ECM-SPECIAL-X-ECM-PA-4020-Japan-VINYL-LP/333261751207?hash=item4d97f2c3a7:g:UqUAAOSwcvtdJISZ


Плочата 0.99$.
Shipping од Јапан 18$.

Има некои дополнителни трошоци/давачки со нашиве?

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Винил култура
« Одговори #72 на: 11 Јули 2019, 13:02:13 pm »
За мотивација на @Stratro , ова е од пред еден месец шопинг :)


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Винил култура
« Одговори #73 на: 11 Јули 2019, 13:07:28 pm »
Хипстери! :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #74 на: 11 Јули 2019, 14:42:37 pm »
За мотивација на @Stratro , ова е од пред еден месец шопинг :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Најсс, особено  Џарет со Јан Гарбарек.
Препорака од мене е Paul Desmond - Feeling Blue. Збирка на снимки, издадена 1996.
Мислам дека ми е слушан преку 15 пати, а и тера во моментов. :)