Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 58715 пати)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #30 на: 08 Јули 2019, 23:51:30 pm »
На следниов линк имаш секакви работи - клинери за плочи, клинери за врв , дампери за грамофони, антибрациски плотни...итн

Благодарам, задолжително ќе разгледам.

Претпоставувам дека на тој линк ги има одговорите и на другите прашања - имено, како се користат течностите, кои концентрации, која техника за чистење?

Се надевав да можеме да го искористиме долгогодишното искуство кое беше спомнато, за да знаеме без да лутаме, кои од наведените производи се добри, а кои треба да се избегнуваат?

Ако се сеќавам добро, за плочи не се мава царина, така да целта е само да ти ги донесат неоштетени :)

Удираат царина како ќе им дојде. :(

Од многу нарачки низ годините, само мал број поминал без царина. Да бидам искрен, не сум добил пратка по пошта веќе речиси две години, така што ќе морам повторно да проверам. За среќа, Juno (1) одбиваат данок, (2) имаат релативно ефтин транспорт и (3) одлично ги пакуваат плочите.

Една препорака за second hand, и нарачки на истите преку пошта. Секогаш можете да го замолите продавачот да ја извади плочата (со се внатрешната обвивка) од надворешната обвивка, и да ги спакува така. Искусните продавачи имаат и custom картонски обвивки да спречат spine damage. На тој начин се намалува можноста да "пукне" надворешната обвивка при транспорт.

Ова се случува и со нови плочи, но таму нема што да се прави. Пред некое време, порачав релативно скапа копија на Крушево на Стефановски и Тадиќ. Се печати само во САД, под покровителствно на M.A. Recordings, и е од старт скапа, плус останати трошоци на тоа. Иако плочите извонредни, надворешната обвивка стигна пукната затоа што е малку тесна за плочите (се обиделе да заштедат на картон во печатницата).

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #31 на: 08 Јули 2019, 23:55:26 pm »
Влатко одувек бил скржав. ;D

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #32 на: 09 Јули 2019, 00:34:27 am »
Влатко одувек бил скржав. ;D

Не верувам дека е од него. Всушност, речиси сигурен сум дека не е од него. Речиси. :)

Плочата е, на некој начин, обид за максимално исцедување на аудиофилски квалитет во речиси невозможен простор. Секој кој барем еднаш влегол во Македониум ја искусил проблематичната реверберација. Речиси и не може да се зборува внатре без инстант главоболка.

Овие бре (снимателите) удриле на модифицирани снимачи и Bruel & Kjaer микрофони и добиле снимка која не само што е слушлива, туку е извонредна. Помага тоа што продуцент е Todd Garfinkle, ама сепак...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8585
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #33 на: 09 Јули 2019, 00:54:56 am »

Удираат царина како ќе им дојде. :(

Juno (1) одбиваат данок, (2) имаат релативно ефтин транспорт и (3) одлично ги пакуваат плочите.


Му пишав на еден другар што има нарачано сериозна бројка во тек на една година за да каже колку плаќа, ама излгеда заспал :)))

Знам дека постојано се фали како многу малку давал и за пошта и воопшто за плочите споредено со други продавници,
повеќе ажурурања утре :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #34 на: 09 Јули 2019, 09:15:20 am »
Јас сум во преговори за околу 100++ тина плочи со музика која ја слушам и сакам да ја имам, али се корка нешто кумашинчето. ;D

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #35 на: 09 Јули 2019, 10:18:11 am »
Еден куп луѓе кои си ги продадоа / подарија плочите при најавата на CD (perfect sound forever) беа пишман по неколку години...

...не затоа што мислеа дека повеќе ќе заработат, туку затоа што сфатија што направиле. :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8585
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #36 на: 09 Јули 2019, 10:39:34 am »
Само скитање и crate-digging... :)

Еднаш (дури и) во Охрид најдов луди работи како Meddle од Pink Floyd и Man Machine од Kraftwerk
во сосема добра состојба, само каверот на Meddle беше прилично искинат.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #37 на: 09 Јули 2019, 10:44:22 am »
Еден куп луѓе кои си ги продадоа / подарија плочите при најавата на CD (perfect sound forever) беа пишман по неколку години...

...не затоа што мислеа дека повеќе ќе заработат, туку затоа што сфатија што направиле. :)

Има направено бекап од сите во flac и преселен е во стан каде нема каде да ги стави.
Му стојат во соба кај неговите одамна и не верувам дека ги одржува.
Околу 300 на број од кои лично без минимум 100 не би си заминал со оглед на тоа дека сме слушале иста музика.
Видеќемо. 8)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8585
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #38 на: 09 Јули 2019, 11:02:42 am »

Удираат царина како ќе им дојде. :(

Juno (1) одбиваат данок, (2) имаат релативно ефтин транспорт и (3) одлично ги пакуваат плочите.


Му пишав на еден другар што има нарачано сериозна бројка во тек на една година за да каже колку плаќа, ама излгеда заспал :)))


Еве инфо од спанкото :)

Цитирам:

"Za edna do 2 ploci ne zemaat carina
Samo ednash za 2 od Boards of Canada poskapi dupli mi zemaa"

Ова е за нарачките од Juno
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 867
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Винил култура
« Одговори #39 на: 09 Јули 2019, 11:05:30 am »
Благодарам за одговорот за чистење на плочите. Јас до сега сум користел само мало метличе за бришење на прашина, не знаев дека треба да се посвети повеќе внимание на чистење на плочите.

Инаку, сум сонувал дека дел од подобрите плочи што ги имам во колекцијата сум ги загубил. Се разбудив испотен. :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Одг: Винил култура
« Одговори #40 на: 09 Јули 2019, 11:12:26 am »
@Stratro ти имам една од wishlist-от :)
Иначе ме интересира кој ви е најефективен начин за собирање прашина со овие метлиците ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #41 на: 09 Јули 2019, 11:37:17 am »
Иначе ме интересира кој ви е најефективен начин за собирање прашина со овие метлиците ?

За мене, ова е најефективниот начин:

https://imgur.com/bwRjBkW

Четката се држи за металниот дел, се поставува под мал агол во однос на радиусот на плочата, со мал притисок, колку да почувствуваш дека влакната завлегуваат во браздите. По две ротации, држејќи го аголот, ја извлегувам четкичката кон надворешниот раб, и ја чистам прашината, ако има потреба.

Води сметка дека за најдобро да функционираат четкички кои се потпираат на искористување на статички електрицитет, треба да бидеш заземјен.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Одг: Винил култура
« Одговори #42 на: 09 Јули 2019, 12:08:57 pm »
@InSides Истата постапка ја користам само понекогаш ако завртам со четката рачно околу плочата пак наоѓам по некоја линија малечка прашинка, незнам можеби треба да менам четка оваа W.Germany е производство има години, а може и за перење да ми се плочите.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #43 на: 09 Јули 2019, 12:59:02 pm »
незнам можеби треба да менам четка оваа W.Germany е производство има години, а може и за перење да ми се плочите.

Обиди се да ја држиш четката цврсто за металниот дел. Истовремено, заземји се - во лето бос на под. :)

Ако четката не ја собере прашината првиот пат, повторно помини ја. Реално гледано, тоа што ќе остане ќе го собере иглата, па треба и тоа да го чистиш.

Фактот што останува прашина на плочата води кон препоставка дека има заостанат статички набој на плочата. Тоа се решава со чистење, донекаде - но провери и самите внатрешни обвивки да не ти поттикнуваат создавање на статички електрицитет.

EDIT: Ако има интерес, можам да снимам кратко видео како јас ги чистам плочите.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43646
  • Il Moderatore
Одг: Винил култура
« Одговори #44 на: 09 Јули 2019, 13:52:10 pm »
Еден куп луѓе кои си ги продадоа / подарија плочите при најавата на CD (perfect sound forever) беа пишман по неколку години...

...не затоа што мислеа дека повеќе ќе заработат, туку затоа што сфатија што направиле. :)
Јас се пријавувам у групата пишманџии, у еден момент се насобра многу повеќе добра музика по CD-a (ем поконвиниент беше, у колаа, на дискмен, па после мп3 плеери па хиљаду песми на едно цеде, па компилации, па миксови, па чуда и врагови), така што ги заборавив плочите... Најлошо е што не знам кај ги забораив, никаде не можам да ги најдам :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.