Тоа што ти го посочи се две сосема различни „песни“. Неможе да ги споредуваш меѓусебно. Барем не без другиот дел од постот. Најпрост пример е да земеме винил и неговите несовршености и скениран тој винил во 320кбпс. Тие како извор ќе се во основа исти. Но, било кој од двете пуштен на батал џебен звучник, телевизор, сараунд безвезеен или слично ќе е многу различен од слушање на еден нормален стерео систем поврзан на компјутер кој има пристојни перформанси. Значи зборуваме за основни потребштини за слушање на музиката. Цела.
Имено, не зборувам за минорни разлики, туку зборувам за комплетно фалење на инструмент од песната. Конкретно, инструментот бас не ни знаеле дека постои додека не ја чуле на пристојна опрема во повеќето песни.
Ќе дадам најпрост пример на секојдневна песна, која без соодветна репродукција мене ми звучи на батал песница, а кога е соодветно репродуцирана е одлична. И тоа од јутјуб со 128кбпс, разликата е ден и ноќ. Комплетно фалат инструменти.
Еев еде пример кој исто така звучи (за мене) потресително добро на пристојна опрема, а ќе си речеш дека е тиња песна ако ја слушаш на батал. Буквално фали половина од песната.
Ќе земам уште еден пак едноставен пример на огромна разлика, а е „песна“ за на радио. Сите ја имаат слушнато песнава. А дали 1% ја слушнале песната цела. Ја чуле веројатно горната половина од песната. Мастерингот е маестрален за секоја прилика. На што подобра опрема ја слушаш толку подобра станува песната. А најпроста песна навидум, радио хитче...
Тоа е првиот столб на музиката. Да ја чуеш цела прво и основно. А ова што го зборувам јас, го повлече тоа што го зборуваш ти - Loudness War, што е болна тема во светот на музиката.
П.С. Само да напоменам дека за пристојно сметам работи кои не се скапи, или преценети, туку едноставно некој минимум. Од типот на Marantz PM6006 и рецимо B&W 606 во Болин и над тоа.
П.П.С. Најдов добар пример на убаво изолиран дел од погорната песна кј ретко кој го слушнал дека го има во песната, а ја исполнува собата највеќе во реална репродукција.