Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 60743 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Винил култура
« Одговори #45 на: 09 Јули 2019, 14:32:59 pm »
Еден куп луѓе кои си ги продадоа / подарија плочите при најавата на CD (perfect sound forever) беа пишман по неколку години...

...не затоа што мислеа дека повеќе ќе заработат, туку затоа што сфатија што направиле. :)
Јас се пријавувам у групата пишманџии, у еден момент се насобра многу повеќе добра музика по CD-a (ем поконвиниент беше, у колаа, на дискмен, па после мп3 плеери па хиљаду песми на едно цеде, па компилации, па миксови, па чуда и врагови), така што ги заборавив плочите... Најлошо е што не знам кај ги забораив, никаде не можам да ги најдам :(
Сакав да искоментирам и заборавив :)

Не само плочите, и цедињата (во најдобар дел пиратски) ги раскурцав, се што имав исконвертирав во мп3, претходно ги "дотерав" малку по мој кеиф.

Нормално, си направив тродупли бекап :)

Такви беа времињата, динамични, а плочите фаќаа и место и прашина.

ПС
Се сеќавам со носталгија на уживањето од држењето паковка во рака додека ја преслушуваш музиката.

Стратро, само напред :)
« Последно менување: 09 Јули 2019, 14:42:27 pm Mikius »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Винил култура
« Одговори #46 на: 09 Јули 2019, 15:01:39 pm »



На јутуб има неколку кратки документарци на оваа тема, така да не сте само вие.



Причините се секогаш истите и се слагам со истите.

Сепак, замислената винил колекција би била best of the best  за мене и не би требало да брои повеќе од 2-300 наслови..
« Последно менување: 09 Јули 2019, 15:34:44 pm Stratro »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8770
  • Пичлеме
Одг: Винил култура
« Одговори #47 на: 09 Јули 2019, 15:21:58 pm »
И мене ме пукна носталгија од темава :)

Ми текнува на времето, со другар ми, дечурија, слушавме плочи на еден сребрен SABA грамофон со доста солидно озвучување. Го донесе чичко му од Норвешка. Си слушавме плочи со рок енд рол, го гланцавме паркетот пробувајќи да научиме некои движења од „Брилијантин“ за да се прајме интересни пред чупињата. Ниту научивме движења, ниту им станавме интересни на чупињата :)

Имавме плочи, и си ги слушавме. Даваа плочи и по списанијата, „Наш свет“ на пример, а се купуваа и по трафики.
Имавме од трафики, имавме и наследени, „оригинални“ :)

Деца ко деца, не внимававме многу, а и знаевме некоја плоча да си ја летаме како фризби :)

Такво беше времето, не се притресвавме многу.

Не беше модерно, нормално беше.

Многу од работите што едно време беа нормални, сега станаа модерни. И скапи.
Брат ми имаше купишта стрипови. Огромен читаш на стрипови, како и целата негова генерација. Сите имаа, си разменуваа. Нормално беше да се чита стрипови. Читаа и петкаши, читаа и единичари. Сега е модерно, хипстерски... само хипстерите читаат стрипови :)

Порано ми купуваа Олстарки без да се бунат зато што беа најевтини, поевтини од Адидас, Најки, Пума. Ем ефтини, ем „рокерски“ :)

Сега се модерни, секоја втора шмизла ги носи, а и секое второ бебе. Затоа се скапи.

Порано сите имавме плочи и касети... оригинални најчесто, такви имаше :)

SABA грамофонче и SABA декче, кои покасно ги заменавме со Сони и Панасоник лајтшоу каначки со ЦД шаржери со по 5 цедеа :)
Грамофончето... подарено на некои роднини на другар ми, веројатно тие поќе го ценеле отколку ние, шутраците.

Комшијата пред некои 35-40 години, од Австрија си донесе голем систем, комплет со грамофон. Шнајдер. Сеуште добро изгледа, комшијата стаклар, му изработе витрина, за да си го чува како очите. Син му ги измава скроз звучниците, ги ставе во багашникот на Југото... такво беше времето де, како што реков, не се потресувавме многу :)

Сега криво ми падна што ги летавме плочите како фризби и што не ги зачувавме... не за мене, туку еве ќе ги подарев на некој што ја цени нивната вредност.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43919
  • Il Moderatore
Одг: Винил култура
« Одговори #48 на: 09 Јули 2019, 15:25:16 pm »
Огромно колекцииште синглки од татко ми и чичко ми го столчивме во двор од ѕид на шупа, на времето... :) Такво беше времето.... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8770
  • Пичлеме
Одг: Винил култура
« Одговори #49 на: 09 Јули 2019, 15:28:38 pm »
Така? ;D


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Винил култура
« Одговори #50 на: 09 Јули 2019, 15:42:01 pm »
И јас немав многу плочи, 20/30, другото главно касети. Компилациите ми беа главен проблем ;D

Какви "потери" се правеле да дојдеш до некоја трака, па лоша била снимката, итн

Во тие времиња, налетав на добра колекција плочи и си снимив убава компилација на касета. Ја чував како очи :)
Како за прва копија, и тоа од плочи, звучеше извонредно но никако добро каки оригиналот. Касета како касета, со тек на време, да не објаснувам...

Уште еден момент, пред мп3 ерата, на памет ги знаев што имам во која касета.
Еден поглед на паковката од плочата ми беше доволен за да се сетам на одредена песна што би сакал да ја преслушам со друштво.

Па играње со врталото за волумот од појачалото, со лизгачите од еквилајзерот, придонесуваа секогаш за поинакво доживување  и уживање во преслушуваеето.

Од тој аспект, модерново доба (мп3, плеери на ПС, двд плеери, команди на маус, тастатура, даљински) ја направи музиката како растителен кашкавал, синтетика.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Винил култура
« Одговори #51 на: 09 Јули 2019, 16:15:41 pm »
Па не баш до толку сеа... ::)

21 век сме и нема ништо лошо во мп3/јутуб кога си на работа, во кола, на точак, на одмор, па и дома кога сакаш нешто да тера во позадина, па дури и да решиш сериозно да слушаш од јутуб линк.

Кај мене 24/7 свири нешто дома, освен кога јас не свирам.

Винил културава јас не ја гледам како противник на дигиталниот запис, туку како посебен, различен  филм сам за себе наменет за ситуации кога си решил баш да ислушаш некој албум за кој веројатно си излегол од дома, си го барал, купил, порачал и си решил целосно да го доживееш онака како што авторот го замислил заедно со цел пропратен artwork, а не само фајл кој ти станал достапен со два клика. Сите оние кои  ги поминале и двете работи не тврдат дека едното или другото е неспоредливо подобро, туку различно.
Така да секој според свој вкус.


Тоа што винилот е финансиски добар и корисен за музичката индустрија, за разлика од дигиталниот запис е сосема друг муабет.
« Последно менување: 09 Јули 2019, 16:22:40 pm Stratro »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #52 на: 09 Јули 2019, 16:22:36 pm »
Од тој аспект, модерново доба (мп3, плеери на ПС, двд плеери, команди на маус, тастатура, даљински) ја направи музиката како растителен кашкавал, синтетика.

Не е растителен кога ќе см'кнеш сè живо во .FLAC, на ASIO + монитори наместо на mp3 плеери :))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #53 на: 09 Јули 2019, 16:24:47 pm »
Најстрашно е да се забегува со тврдења кои не се поткрепени со дабл блајнд тест.
Од тој аспект, модерново доба (мп3, плеери на ПС, двд плеери, команди на маус, тастатура, даљински) ја направи музиката како растителен кашкавал, синтетика.

Не е растителен кога ќе см'кнеш сè живо во .FLAC, на ASIO + монитори наместо на mp3 плеери :))
Токму така.


А како хоби фино си е и плочи.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #54 на: 09 Јули 2019, 16:26:00 pm »
Ама пусти пари, скупе ного :D

Сепак, што викаат: "таа е болеста..."
Попрво арчам на тоа отколку на нешто "попаметно" :))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Винил култура
« Одговори #55 на: 09 Јули 2019, 16:49:58 pm »
Од тој аспект, модерново доба (мп3, плеери на ПС, двд плеери, команди на маус, тастатура, даљински) ја направи музиката како растителен кашкавал, синтетика.

Не е растителен кога ќе см'кнеш сè живо во .FLAC, на ASIO + монитори наместо на mp3 плеери :))
Се обидов пред незнам колку години, некои работи што ги имам да пресимнувам во тој формат...немам време да се заебавам со фајлови исконвертирани од мп3 во фљак.

Коментарот беше повеќе во насока на духовно доживување. Седиш, пред тебе опремата и физички си диркаш копчиња и омотот си го разгледуваш, наместо да буљиш во екран, залегнат ко морж со далечинско во рака :)

Стратро, на YouTube е достапно буквално се, сум симнал некои ствари што не сум можел никаде да ги најдам, но квалитетот е катастрофа.
« Последно менување: 09 Јули 2019, 16:55:53 pm Mikius »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #56 на: 09 Јули 2019, 18:14:48 pm »
Конвертирани од мп3 во флак?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Винил култура
« Одговори #57 на: 09 Јули 2019, 18:39:33 pm »
Некој не сакал да се мачи :)

Се израдував но за џабе, истата музика едвај ја имав најдено на торент осакатена во мп3 128кбпс, флакот беше со ист квалитет. Или мастерот му бил со таков квалитет. Слично се повтори неколку пати, лесно е да се примети ако веќе ја имаш музиката во колекција. Денес можеби се исфилтрирани торентите :)
Слично, еден период и двд-теките изнајмуваа двд со двх квалитет...
Но, да не забегуваме од темата :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #58 на: 09 Јули 2019, 18:43:57 pm »
Не забегуваме има тракери со дигитализирана музика со јасно назначен квалитет и потекло.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Винил култура
« Одговори #59 на: 09 Јули 2019, 20:33:36 pm »
Како и да е, (настрана квалитетот) исконвертирана музика од плоча или оригинал цд во мп3 на 320 задоволува од практични причини. Кога сум можел да слушам шкљ снимки од касети, мп3 е премија ;D

Но, духовното задоволство е поголемо кога се преслушува винил, па нека е и обично цд, споредено со сториџ музика. Затоа реков синтетика :)

ПС не мал дел од пиратските цд се изрежени од мастер во мп3.
Ако не по звук, тогаш со саунд програмчиња може преку спектрална анализа  да се видат исечените фреквенции како последица од конвертирањето.

Винил си е винил :)
« Последно менување: 09 Јули 2019, 20:48:25 pm Mikius »