Муабетот ми беше...дека секогаш нов уред е нов уред.
Апсолутно се сложувам.
Мојот поранешен шеф имаше навика да каже, најдобра кола на светот е нова кола. Тука нема муабет. За него.
Истиот тој човек имаше навика да каже и друго нешто. Голем љубител на пиво, со можност да шета насекаде низ светот и да пие секакви пива - вистински човек да го прашам - "Кое пиво е најдоброто пиво на светот?"
"Бесплатното".
Дечки, грамфонов можам да го имам за поклон.
Спротивно на моето користење на зборот "апсолутно" погоре, тука не зборуваме за апсолутности, туку за специфично барање на човек кој се мисли помеѓу два специфични модели, а не помеѓу две апстракции. Мојот стремеж, секогаш кога можам, е да препорачувам само работи кои лично сум ги уживал и/или доживеал.
Кога нешто не сум доживеал, јасно го назначувам тоа,
како во оваа порака каде давам предлози за грамофонски предзасилувач, и за едниот модел јасно назначувам дека не сум го слушнал.
И согласно тоа, не препорачувам.
кој е заинтересиран за совет или му реба помош ,а не за бистрење политика, може да ме побара
Наведуваш интересни работи, па би сакал да знам околу некои од работите што ги споменуваш - би ценел тоа да биде на форумот затоа што придонесува кон општественото добро и вкупното знаење:
Чистење на плочи е максимално морално - не со ракија ....има специјални гелови за да се зачува и и иглата и плочата ... има и течности за чистење на самиот врв на иглата....
Кои техники би ги препорачал за чистење на плочи? Дали имаш конкретен предлог за специјалните гелови кои ги споменуваш за зачувување и на иглата и на плочата?
Кои течности за чистење на самиот врв на иглата конкретно ги препорачуваш? Дали имаш сознанија за колкав опсег на кертриџи/глави се безбедни? Дали постои нешто на што треба конкретно да се внимава при чистењето на иглите?
Благодарам.