Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 58766 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Винил култура
« на: 05 Јули 2019, 12:01:07 pm »
Малку ми е срам без купен грамофон да отварам ваква тема, али подобро вака отколку да сметаме во Рекла казала или да гњавам по пп.

Значи , буџетот ми е максимум 300 евра за грамофон и (за сега) се двоумам меѓу овие модели:

AMERICAN DJ TT-RECORD 11.990





PIONEER LP990 - кој е компатибичен со PIONEER VSX 570 појачалото кое го имам. 11990.


AUDIOTECHNICA LP60 ..околу 16.000.


Мислам дека сите 3 се на каиш, али според она што се изнагледав/изначитав овие 2 дена, првиот делува најдобар бидејќи има аголна, не автоматска рака (или како веќе се вика) , рачно подесување на тежината на раката/иглата,  променлива глава за апгрејд, а верувам и вграден anti-skid, како и УСБ за поврзување со PC за снимање и бекап.

Половни грамофони не сум барал и секој предлог за оваа сума е добредојден.

Но, гледам дека и двајцава на јутуб кои ги водат винил каналиве имаат Audiotechnica LP 120, кој со надградба на Goldring Е-1 глава би коштал солени 25.000 ден.





Воедно истата глава може да се монтира и на првиот American DJ грамофон кој го постирав.


Битно, почело је...
4 албума од Пинк Флојд, 4 од Леб и Сол, Паганини и Чајковски.



Џам очувани, поклон од дедото. ;D


« Последно менување: 05 Јули 2019, 13:12:41 pm Stratro »

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #1 на: 05 Јули 2019, 13:30:01 pm »
Имајќи ги предвид останатите елементи на системот, било кој од овие три (ОК, четири) грамофони ќе ти заврши работа - сите три имаат вграден грамофонски предзасилувач.

Оттука, од трите (четирите) постирани најфлексибилен би бил првиот модел, не поради кривината на рачката, туку поради фактот што користи стандарден headshell каде може да се монтираат најразлични кертриџи. Со другите два модели, есенцијално си ограничен на заменска игла која е предвидена за тие конкретни рачки/грамофони.

Што се однесува на последниот модел (LP120), директна (да не речам безобразна) копија на Technics SL-12x0; инвестицијата е веќе толкава што постојат посоодветни алтернативи во таа ценовна класа. Секако, тогаш ќе ти треба дополнителен грамофонски предзасилувач.

Во однос на плочите, супер што имаш за почеток. Прегледај ја состојбата на медиумот, затоа што од стоење може има солиден слој на прашина/контаминанти, и ќе треба да се исперат. Дополнително, во догледно време замени ги надворешните омоти (кеси) затоа што по сликата гледам дека некои од нив (како на Final Cut) веќе се набрани, и можат да задржуваат вода и/или да го деформираат картонскиот омот. Имам поголема количина надворешни кеси кои ги порачував своевремено за изработка (70um полиетилен) па ќе ти дадам за почеток.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Винил култура
« Одговори #2 на: 05 Јули 2019, 13:45:23 pm »
Чисто да прашам каков пред засилувач би ми требал за да го поврзам грамофонов со појачало дома?

Не е користен 15 години, и повеќе, го пробав работи ама звукот е премногу слаб. На старото појачало имав посебен влез за грамофон.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Винил култура
« Одговори #3 на: 05 Јули 2019, 13:45:41 pm »
Супер што се отвори ваква тема!

@InSides, како се мијат плочи?

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #4 на: 05 Јули 2019, 13:55:13 pm »
Чисто да прашам каков пред засилувач би ми требал за да го поврзам грамофонов со појачало дома?

Ова е интересна (и релативно ефтина) опција:

https://www.amazon.co.uk/Behringer-PP400-Microphono-Compact-assorted/dp/B000H2BC4E/ref=sr_1_3?keywords=phono+preamp&qid=1562327607&s=gateway&sr=8-3p

Како во МК има дилери (Артист / Мими) на Behringer, сигурно може да го донесат, ако веќе го немаат на лагер.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #5 на: 05 Јули 2019, 14:05:11 pm »
@InSides, како се мијат плочи?

Тоа е тема за посебна тема. :D

Накратко, најдобар пристап е со вклучување на соодветен хардвер.

Ова е рачен систем:

https://www.amazon.co.uk/Spin-Clean-Record-Washer-MKII/dp/B008EBS9G4

Ова (и јас го користам) е автоматизиран систем (со двојнонасочен мотор и вакуум пумпа):

https://www.amazon.co.uk/PRO-JECT-VC-S-Project-Record-Cleaner-black/dp/B01BFCVRGC/ref=sr_1_1?crid=2RZPXEMLLKRQI&keywords=project+vcs+mk2&qid=1562327836&s=musical-instruments&sprefix=project+vcs%2Cmi%2C143&sr=1-1

Има и мноооооогу поскапи, но да не претеруваме.

Третата опција е најрачна, без специјализиран хардвер, (1) када или лавабо, (2) фротирни крпи и (3) метален сушач за садови / чинии.

За секоја опција се потребни најмалку (1) течност со одмастувач / сурфактант, (2) дејонизирана вода, (3) четка (кај мене најдобро се погоди четка за пена за бричење од природни влакна), (4) нови внатрешни кеси (затоа што после туширање не се облекува неперена долна облека нели).

За секој од методите има опширни видеа на YouTube. За жал, секој си има свој филм како треба да функционира нешто.

Еве едно видео каде типот покажува рачен метод за чистење, како и опис на неговата течност за чистење.


Добро за почеток, може да се надградува.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Винил култура
« Одговори #6 на: 05 Јули 2019, 14:09:18 pm »
Супер што се отвори ваква тема!

@InSides, како се мијат плочи?

Мојот пристап е: Најди другар што веќе има машина и замарај го него :D

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #7 на: 05 Јули 2019, 14:17:24 pm »
Мојот пристап е: Најди другар што веќе има машина и замарај го него :D

Добар ти е пристапот. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #8 на: 05 Јули 2019, 23:41:34 pm »
Типчево има доста кул и корисни видеа.
Го гледам веќе 2 дена и доста научив за кратко време.
Спуштен на земја, без аудиофилско снобовски афинитети.

Општо...

За купување грамофон...

За сетап на грамофон...

За одржување/чистење

За купување половни плочи...

За новите ре-изданија на стари албуми.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #9 на: 07 Јули 2019, 19:20:29 pm »













Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: Винил култура
« Одговори #10 на: 07 Јули 2019, 19:27:41 pm »
Next! ;D


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #11 на: 07 Јули 2019, 20:57:29 pm »
Дечки, грамфонов можам да го имам за поклон.


SANYO 10-30 oд 1980 год.
Made in Japan.
Direct drive, oчуван, функционален, надграден со Shure 95 ЕD глава која може да се замени.



Како стои овој во споредба со нов American DJ TT за кој пишав во првиот пост кој секако би го надградил со Goldring глава?
Знам дека претпојачало би ми требало, а и тоа поима немам колку кошта.


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #13 на: 07 Јули 2019, 22:15:05 pm »
Како стои овој во споредба со нов American DJ TT за кој пишав во првиот пост кој секако би го надградил со Goldring глава?
Знам дека претпојачало би ми требало, а и тоа поима немам колку кошта.

Ако е добро зачуван, нема што American DJ да прави покрај ова. Земи и не му се мисли. Единствено да провериш дали се уште добро функционира сервото за контрола на брзината.

Тоа е сега лесно со било кој Андроид уред:

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.AM.AM.RPMSpeed&hl=en

Или со било кој iOS уред:

https://apps.apple.com/us/app/rpm-pro-turntable-accuracy/id1265756230

Инсталирај апликација, вклучи ја, вклучи го грамофонот, стави го телефонот на чинијата која врти и почекај да се стабилизира брзината. Ако е 33.33 +/- ~1.5%, ОК си е.

Што се однесува на претпојачало, понудив релативно ефтина опција погоре:

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,23596.msg1098779.html#msg1098779

Над ова, небото е граница.

Од она што може кај нас да се најде:

1. Аудио Центар:

http://www.audiocentar.com.mk/#/cenovnik/details/6242b69f-0be0-4a49-aa1c-9198d06ffa62

- Pro-Ject Phono Box - 5,590.00 (одлична почетничка компонента, има можности за широк распон на кертриџи, ММ (moving magnet) + MC (moving coil)).
- Pro-Ject Phono Box USB - 7,990.00 (исто како претходното, плус USB излез за директно снимање на компјутер).

2. Алфа Аудио:

http://www.alfaaudio.com.mk/ShowProduct.aspx?p=164638&name=MM-002_PHONO_PREAMPLIFIER_MM_ONLY_BLACK_THORENS&ct=6300&r=6&c=20&l=54

- Thorens MM-002 - 185 EUR (сосема во ред, но само MM).

3. Зец:

http://zec.mk/product/power-dynamics-pdx015-172-775/

- POWER DYNAMICS PDX015 - 3,990.00 (само MM, но има USB).

Од сите наведени, само со последното не сум имал искуство. Најефтино е, но не можам да го препорачам ако не сум го слушал. Сите останати се сосема во ред. И повеќе од тоа, навистина пукаат над својата класа.

Што се однесува на кертриџот, за почеток, Shure M95ED е сосема во ред. Ако е во работна состојба, нема што да менуваш.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Винил култура
« Одговори #14 на: 07 Јули 2019, 22:33:40 pm »
Цар си ти...aма упатен цар.  8)
За проверка на брзината грамофонов имал вграден...стробоскоп, но ќе пробам и со апликацијата која ја пиша.

Ќе го видиш секако.
Дужам пиво, а и ручек за информацииве.
« Последно менување: 07 Јули 2019, 22:45:33 pm Stratro »