Би било одлично да го направите истиот тест од Скопје до Охрид како со Пасатот и да споделите тука колку ќе потроши хибридната Корола.
Пунење резервоар до капаче во Скопје и дополнување назад на влез во Скопје.
Ќе биде убав аргумент за да се побијат сите злонамерни противници на хајпот дека Хибридот не е баш економичен.
Јас имам многу различно искуство со хибриди од она што се прикажува и тотемизира на форумов, и реалноста нема врска со тоа што се прикажува тука.
Ја немам возено новата Корола, сеуште, ама имам доволно искуство со Лексус-и и други модели на Тојота.
После неколку часа повторно се вратив во темава и го прочитав ставот што го имав напишано претходно (цитиран погоре). Имам впечаток дека, одреден дел од мојата изјава звучи тенденциознo и навредлива. Искрено немав и немам намера да навредувам никого, туку само да ја споредам ситуацијата со информациите кои што се споделени тука и искуството кое што што го имам јас со хибридни возила.
Еве затоа и јавно ќе се извинам до
@zeroSignal , затоа што немав намера да го таргетирам него директно, туку се обратив повеќе хипотетички.
Класниот е одличен момак, и знам дека прави се што може да го пренесе неговото искуство преку статии на сајтот, и воедно да иницира дискусии на форумов.
Имаше соодветна реплика од негова страна на мојот коментар, која што сега е избришана. Ја прочитав од мобилен и не бев во ситуација да реплицирам веднаш.
Доблесен човек сум и знам да си ги признаам грешките и да се извинам кога треба.
Мојот став беше насочен генерално кон дискусијата и текот на дебатата, и беше поткрепен со претпоставка која што секако дека ниту јас не сакам да верувам дека е точна. Не беше насочен кон CarClub или дирекнто кој Класниот.
Луѓето што ме знаат и воедно се членови на форумот, веројатно можат да посведочат дека без резервно споделувам лични искуства од сите возила кои што ќе ми паднат во раце на возење, тестирање. Тука на форумов имам пренесено многу мал дел од тоа што го имам пренесено во една друга затворена група на Viber (во која што членуваат над 20 клабери) каде што редовно има интересни дискусии, кои понекогаш се жестоки и со доста дружби со возење и ѓезмиња.
Спорната реченица ја избришав, од претходниот коментар, и во цитатот кој што е наведен погоре, со цел да не бидам протолкуван погрешно.
Ок, доста драма, идеме со дискусија.