Автор Тема: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid  (Прочитано 33427 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #45 на: 24 Март 2019, 07:11:50 am »
Има уште еден момент ;D

Читајки го форумов добив впечаток дека многумина не би купиле Јарис и слично возило за возење во град токму поради одење еднаш до Грција на одмор.

Еве, Јапанците за потребите на форумов смислиле градска кола  со доволен гепек за еднаш во годината да не се гужваш за на одмор ;D и пак не чинело.
Ќе си дојде. Сепак ова сеуште е научна фантастика за ова поднебје, како што гледаш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #46 на: 24 Март 2019, 09:38:27 am »
Ипак јас би рекол дека не постои подобро градско возило моментално на светов од Јарис Хибрид

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #47 на: 24 Март 2019, 09:39:39 am »

Еве, Јапанците за потребите на форумов смислиле градска кола  со доволен гепек за еднаш во годината да не се гужваш за на одмор ;D и пак не чинело.
Мислиш на Lexus is300h?  ;D
Пааа, зошто да не. Еднаш се живее :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #48 на: 24 Март 2019, 11:35:10 am »
Би било одлично да го направите истиот тест од Скопје до Охрид како со Пасатот и да споделите тука колку ќе потроши хибридната Корола.

Пунење резервоар до капаче во Скопје и дополнување назад на влез во Скопје.

Ќе биде убав аргумент за да се побијат сите злонамерни противници на хајпот дека Хибридот не е баш економичен.

Јас имам многу различно искуство со хибриди од она што се прикажува и тотемизира на форумов, и реалноста нема врска со тоа што се прикажува тука.

Ја немам возено новата Корола, сеуште, ама имам доволно искуство со Лексус-и и други модели на Тојота.
« Последно менување: 24 Март 2019, 22:16:20 pm zlatkoa »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #49 на: 24 Март 2019, 12:45:47 pm »
Ипак јас би рекол дека не постои подобро градско возило моментално на светов од Јарис Хибрид
Би се сложил со тебе. Сепак јарисот е со стариот хибриден систем кој е светлосни години зад новиов. Всушност најголем конкурент му е Королава хеч во тоа поле.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8123
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #50 на: 24 Март 2019, 20:24:47 pm »
Автоматски безстепен CVT ???


Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #51 на: 24 Март 2019, 20:42:37 pm »
Audi - A4 (B6 8E) - 3.0i V6 (220 Hp) Multitronic, Year of putting into production   2000

http://www.auto-data.net/en/audi-a4-b6-8e-3.0i-v6-220hp-multitronic-26720

Што толку се испотресовте од CVT... ќе помисли човек дека Тојота измислиле VTEC 2.0

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #52 на: 24 Март 2019, 21:05:30 pm »
Audi - A4 (B6 8E) - 3.0i V6 (220 Hp) Multitronic, Year of putting into production   2000

http://www.auto-data.net/en/audi-a4-b6-8e-3.0i-v6-220hp-multitronic-26720

Што толку се испотресовте од CVT... ќе помисли човек дека Тојота измислиле VTEC 2.0

Не заебаај...Audi од 2000-та? ;D

History
It was the first commercially successful CVT (as opposed to shifting between separate gears). In theory, this always produces the optimum torque. The Variomatic was introduced by DAF in 1958, also putting an automatic gear box in the Netherlands for the first time. The variomatic was introduced on the DAF 600.

https://en.wikipedia.org/wiki/Variomatic

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #53 на: 24 Март 2019, 21:13:32 pm »
Пред 2000та Тојота во Приус имаше ЦВТ, а пред тоа едно 100 години Зенит имал мотор со ЦВТ. Воопшто не е нова технологија, само не е толку распространета кај колите како класичните мануелни и автоматски менувачи.

Иначе и мене баш ме интересира како е потрошувачката на хибриднава Корола на автопат, сум немал лично искуство со хибрид.
https://en.wikipedia.org/wiki/Continuously_variable_transmission

Иначе светот почнува и завршува со VW, гледаш дека во темава за Тојота хибрид еднаш се спомна кралот Голф ТСИ и сега Ауди ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #54 на: 24 Март 2019, 22:18:21 pm »
Би било одлично да го направите истиот тест од Скопје до Охрид како со Пасатот и да споделите тука колку ќе потроши хибридната Корола.

Пунење резервоар до капаче во Скопје и дополнување назад на влез во Скопје.

Ќе биде убав аргумент за да се побијат сите злонамерни противници на хајпот дека Хибридот не е баш економичен.

Јас имам многу различно искуство со хибриди од она што се прикажува и тотемизира на форумов, и реалноста нема врска со тоа што се прикажува тука.

Ја немам возено новата Корола, сеуште, ама имам доволно искуство со Лексус-и и други модели на Тојота.


После неколку часа повторно се вратив во темава и го прочитав ставот што го имав напишано претходно (цитиран погоре). Имам впечаток дека, одреден дел од мојата изјава звучи тенденциознo и навредлива. Искрено немав и немам намера да навредувам никого, туку само да ја споредам ситуацијата со информациите кои што се споделени тука и искуството кое што што го имам јас со хибридни возила.

Еве затоа и јавно ќе се извинам до @zeroSignal , затоа што немав намера да го таргетирам него директно, туку се обратив повеќе хипотетички.

Класниот е одличен момак, и знам дека прави се што може да го пренесе неговото искуство преку статии на сајтот, и воедно да иницира дискусии на форумов.

Имаше соодветна реплика од негова страна на мојот коментар, која што сега е избришана. Ја прочитав од мобилен и не бев во ситуација да реплицирам веднаш.

Доблесен човек сум и знам да си ги признаам грешките и да се извинам кога треба.


Мојот став беше насочен генерално кон дискусијата и текот на дебатата, и беше поткрепен со претпоставка која што секако дека ниту јас не сакам да верувам дека е точна. Не беше насочен кон CarClub или дирекнто кој Класниот.

Луѓето што ме знаат и воедно се членови на форумот, веројатно можат да посведочат дека без резервно споделувам лични искуства од сите возила кои што ќе ми паднат во раце на возење, тестирање. Тука на форумов имам пренесено многу мал дел од тоа што го имам пренесено во една друга затворена група на Viber (во која што членуваат над 20 клабери) каде што редовно има интересни дискусии, кои понекогаш се жестоки и со доста дружби со возење и ѓезмиња.

Спорната реченица ја избришав, од претходниот коментар, и во цитатот кој што е наведен погоре, со цел да не бидам протолкуван погрешно.

Ок, доста драма, идеме со дискусија.

« Последно менување: 24 Март 2019, 22:26:23 pm zlatkoa »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #55 на: 24 Март 2019, 22:21:03 pm »
Viber Grupa = CarClub vlada vo senkaaaa!!!11
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #56 на: 24 Март 2019, 23:59:11 pm »
Audi - A4 (B6 8E) - 3.0i V6 (220 Hp) Multitronic, Year of putting into production   2000

http://www.auto-data.net/en/audi-a4-b6-8e-3.0i-v6-220hp-multitronic-26720

Што толку се испотресовте од CVT... ќе помисли човек дека Тојота измислиле VTEC 2.0

Не заебаај...Audi од 2000-та? ;D

History
It was the first commercially successful CVT (as opposed to shifting between separate gears). In theory, this always produces the optimum torque. The Variomatic was introduced by DAF in 1958, also putting an automatic gear box in the Netherlands for the first time. The variomatic was introduced on the DAF 600.

https://en.wikipedia.org/wiki/Variomatic
Не сум колегата Ванчо па да лупетам ствари од гугле бидејќи муабетиве ги вадам од лично искуство. Сум се возел и сум возел A4 B6 3.0 i A4 B7 2.0 tdi, со Multitronic. Аутата во тоа време беа формули со одчичен менувач, кој за жал од x и y причини не се произведува повеќе.

Тојотава ја испофалија божем се откри хигсовиот бозон, а реалноста е сосема друга. Менувачот не ништо подобар од 20 години стар Multitronic, a перформансите се послаби од Yaris 1.3 од 1999та.

Дали целата таа комплицирана технологија, маса на компонентите, батерии (кои имаат век на траење)  и ПРЕВИСОКА ЦЕНА, вреди за пониска потрошувачка во град од 1 литро во однос на конкуренцијата... Дефинитивно не.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #57 на: 25 Март 2019, 08:14:15 am »
А нели поентата на хибридите не беше помала потрошувачка?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #58 на: 25 Март 2019, 09:04:20 am »
Беше паркирана во сити мол. Оваа баш, седанот.

Ја гледам убаво.
Завртив уште едно кругче........... пак ја загледав убаво.

Браво како успеале да направат кола која нема никаков карактер. Толку е безлична, тоа чудно едно.
Како background е на некоја апликација.

Сиво.

Не сум ја возел не сум ни влегол во неа. Можи да е феноменална.
Ама............

После го видов хечот....
Некако е поинтересен.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #59 на: 25 Март 2019, 10:00:13 am »
Мене на слики ми се допаѓа, али таа белата во Сити мол не ја ни приметив, исто како претходните Короли.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.