Немам ништо против овој 1.8 ама веќе се фура подолго време мислам доста беше. Перформанси скоро нема, потрошувачката е ОК. Одлично ауто за низ град и регионални патишта. За на апла отворено на автопат да го цепаш, да претекнуваш не баш. За тоа постои 2.0 хибрид
Пошто имам лично искуство со последниот аурис во истиов хибриден погон, да не се лажеме колата коже многу лесно да потроши и 10 литри градска, значи условите се многу важни. Сепак тоа не значи дека хибриден погон е лош, напротив.
Ако ти се пружи шанса, иди пробај Корола со овој погон, ама Корола да биде. Јас го возам C-HR-от еве веќе скоро три месеци, и кога седнав во Corolla-та, тотално е друго. Рекалибриран е софтверот, моторот испорачува макс вртежен момент и макс коњски сили на пониски вртежи и рекалибриран е CVT мењачот. Едноставно, полесно и подобро оди колата. Плус кога ќе префрлиш во Sport има забележлива разлика.
За сите други - утре има тест-возења со Королите пред Сити Мол од 11:00 до 15:00. Повелете, седнете, разгледајте, повозете, пробајте. Мислам дека ќе ги имаат сите 4 варијанти.
https://www.facebook.com/events/161368984779825/