Хм, немој да мислиш и дизеливе низ ск се штедливи, toyota Corrola 90ks, под 7 скопје неможе а 5 и е декларирана . Кога ќе зркнеш од сабајле низ центар.
Остај ги ти овие недокваканиве петлиња со VW, шо кажуваат, кола од компакт сегмент низ скопје каква и да е под 7 не троши.
Може. Рено Меган 1.5 ДЦИ класика 5.5 литра дизел во град каде 1.0 турбо е 7.5. Истата релација, истиот возач, истата тежина на возило. Ама едниот е Еуро 4 а другиот Еуро 6.2
Земи го Хибридот од темава на неколку недели и на истите релации (ист возач) за да добиеме целосна споредбена слика
И се изнавозев јас на Тојотата не се секирај, додуша претходната генерација. Ќе беше како и што добивав резултат околу 4.5 литри бензин во град. Само ме одврати фактот дека не е баш ефтина, 24.000 евра а од старата генерација не беше погодно да се нарачува. После тоа, колава има гаранција на електрониката (као) од 10 години, а тоа е онолку време колку што би возел нова кола. Кога ќе се наближи 10 години при крај на гаранција или па ако истече, електрониката е веќе 10 години стара, возилото ќе изгуби драстично на вредност. Затоа колава е лош, дил моментално, најверојатно.
Да направт Тојота некоја програма за замена на батерија и репарирање на електроника пред околу 10 години, и да се продолжи гаранција/векот на траење, за таа цена има некаква смисла. Се додека не воведат таква некоја варијанта или заштита на вредноста, колава ќе биде само за подлабоките џебови.
None the less, прекрасна е за возење. Има некои чудни квиркови и фејлови ама генерално е одлично возило. Да имав поприлично пари и сигурна иднина немаше да се мислам во општо, одма ќе ја лапав.