Ајде и од мене малце некој коментар, баш вчера се погоди имав можност да се повозам во Тојота Корола Хибрид. Колата имаше 1500км поминато значи ептен нова уште на ново мирисаше.
Беше со послабиот 1.8 а баш би сакал со 2.0 да го пробам.
Директна споредба со мојот голф
Првин ќе почнам со слабости односно она што ме нервира. Колава како што реков е нова, 2019 модел ама внатре поготови на вратите има такви евтини пластики, све некако мрда лево десно ти дава чувство на нешто многу евтинско направено. Копчињата за греење на седиште ги убутале доле да ги бараш со двоглед, а квалитетот е како на џоистик од сони пс1. Централниот екран е технолошки ист како и во Аурисот од претходната генерација, збунувачки и тотално некорисен. Тоа пластичните мали сребрени копчиња се исто така многу евтински. Све на се малце изненаден во негативна смисла ама па кога ќе разбереш дека е јапонско возило и веројатно ќе нема проблеми наредни 20 години, се привикнуваш. После 2 минути си седнав во голфот и од моментот кога ја отвораш вратата (која што мислиш дека е од олово во споредба со королова) внатре разликата е прилично голема во корист на голфот а и веројатно повеќето германски модели.
Е сега за добрите работи. Го обожавам менувачот во комбинација со моторот за низ град. Тука нема утка. Во најголемите гужви ми покажа потрошувачка од 6.2 литра. Воланот е многу лесен и е дефинитвно по-релаксиран за возење и маневрирање од голфот. Но она што ми остави веројатно најголем впечаток од се е како Королава се справува со дупки. Значи возење по калдрма, возење преку шини, големи дупки мислиш дека возиш низ облаци а не крш пат. Тука бев запрепастен и секоја чест за Тојота, мислам Аурисот што го возев преходно не беше на исто ниво. Голфот е очигледно погласен и дампирањето не е на ниво на Тојотава. Секоја чест, јас сум спремен да ги занемарам негативностите во ентериерот на сметка на самото одлично подвозје според мене. Искрено мислев дека се возам во Мерцедес Е класа со воздушна суспензија кога минував низ лош пат. Браво!