@zeroSignal 1. Може ли да направиш тест по обиколница и да ја измериш просечната потрошувачка при 120км/ч на истата рута што ја возевме групно? Дополнително може да го извозиш истиот тест вторпат, но со 100км/ч во еко мод, затоа што тогаш имаш и поткрепа на електромоторите кога возиш на отворено, за разлика од 12окм/ч кога иде фул на бензин.
2. Би било одлично да направиш видео за меѓузабрзвуањата 90-120 во еко и спорт мод. Да видиме како работи атмосферецот и ЦВТ менувачот на доубрзување.
3. Ме интересира колку може да се истера со фул електрик мод почнувајќи од кружниот тек во Влае по Партизанска, па се до последна 5-ка во Ново Лисиче. Рутата би можела да се движи по Партизанска, Мост Гоце Делчев, Судска Палата, Веро Џамбо, бул Јане Сандански. Според мене тоа е "најградската" рута што може да се помине низ Скопје и да се види потрошувачката на возилото. Предуслов е кога ќе почнеш со тестот да ги напукаш батериите до врв за да имаме релевантен податок.
4. Дали може да се качиш со возилото до Средно Водно со електрик мод (до каде што ќе тера нормално, после тоа на бензин) и да ли надолу при спуштање ќе ги напуни скроз батериите кога ќе се вратиш на Водњанска.
Кога јас го возев ЦХР во Германија се трудев да го држам во фул електрик мод што е можно подолго со тоа што бев лесен на папучата за гас и го имав "на осет" забрзувањето за да не се вклучи бензинскиот мотор. Успевав да извадам по 10-11 километри на електричен погон, но возењето беше строго до 50км/ч.