Јас сеуште не познавам автомобил кој по каталошка вредност за потрошувачка во град успеал некој да ја постигне. И не, градска вожња не е на партизанска во 6 сабајле или 20ч. Тргни застани тргни застани тргни застани, кратки моменти на константно возење во 3та и 4та и после пак тргни застани.
Каталошката вредност е посочена како минимална потрошувачка. Минималната потрошувачка не вклучува возење со уклучена клима, возење во услови под 0 степени, возење со ултрашироки и гуми со поголем отпор при ротација, штрајкови, блокирања на улции, сообраќајки насабајле додека одиш на работа итн...
Сепак, каталошка градска на 159-ката ми е 11.8, нема прорблем да се постигне кога не е потребна клима (со клима е некаде накај 12.5), на 147-цата е 8 и исто така, без проблем се постигнува без клима (со клима е некаде накај 8.5), исто беше и со 166 и со Стилото.
Јас лично имам поголем проблем со постигнување на декларираните потрошувачки на отворено, отколку градскиве.