Ај сега...
...логично е да сакаш пониски оперативни трошоци. Ама не во овој сегмент. За жал, еден од негативните ефекти на популаризацијата на овој сегмент, особено со цените кај нас, е "ниската" почетна цена. Форсирање да се купи кола на метар. Наеднаш, "голем џип" е "ефтин".
Ама не бил ефтин. Сега е скапо горивото. Па утре ќе биде сервисот, па задутре гумите, па понатаму нешто сосема незамисливо.
Еве размислуваш да дадеш 1,000Е дополнително за плински уред, кој ќе ти ги намали трошоците на гориво (да речеме) ама ќе ти ги зголеми трошоците за оддржување (сигурно) и ќе ти ја намали гаранцијата (што е една од клучните предности на токму овој модел, не?). Се зборува за купување на ново возило. Алтернативна опција е турбополнет мотор на бензин, или дизел.
Нема и јаре и паре.