Автор Тема: Совет за телефон  (Прочитано 90779 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет за телефон
« Одговори #285 на: 06 Јули 2012, 23:40:56 pm »
Ај да не отварам нова тема овде ќе прашам...Значи вака:брат ми на телефонот наместил она шема што е за отклучување...Арно ама братучед ми (4години) фатил го изизгрешил 50 пати и сега бара преку Гмаил да се уклуча (тој што е регистриран на телефонот) ама пробувам со точниот гмаил и пасворд и неможи (100% е тој што го пишувам) и сега неможи...Кажете што да му правам ???

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2996
Одг: Совет за телефон
« Одговори #286 на: 07 Јули 2012, 01:52:19 am »
На интернет да не не си приклучен?Пробај со рестарт на телефонот.Мора некак да ти даде да го пишеш точниот код.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Re: Совет за телефон
« Одговори #287 на: 07 Јули 2012, 01:54:55 am »
Извади ја батеријата, почекај 1-2 мин. врати ја и пробај.
Види дали си врзан на нет.
Ако не, прај му хард ресет.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за телефон
« Одговори #288 на: 07 Јули 2012, 02:36:30 am »
Ајде од мене прашање:

Кој може да декодира HTC One V кодиран на VIP и каде?
Овде оние што ги сметам за компетентни викаат „системот бил ваков, бил онаков, не можело, немало програма уште бла бла“ и ги баталив.

Плус, дали имате искуство со овие странициве што праќаат код за 10тина долари?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Совет за телефон
« Одговори #289 на: 07 Јули 2012, 03:19:59 am »
Ајде од мене прашање:

Кој може да декодира HTC One V кодиран на VIP и каде?
Овде оние што ги сметам за компетентни викаат „системот бил ваков, бил онаков, не можело, немало програма уште бла бла“ и ги баталив.

Плус, дали имате искуство со овие странициве што праќаат код за 10тина долари?

Прво провери дали со декодирањето ке ја оштетиш гаранцијата ... да не му биде нешто, па да го гледаш како играчка ...

Иначе, постов сакам да го искористам да пишам мое искуство ....

Зимајте телефони нови од кај што сакате, само што подалеку од DM STORE што се рекламираат на пазар3, што се наоѓаат кај Игуана Турс
ШТО ПОДАЛЕКУ ОД НИВ ...

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Совет за телефон
« Одговори #290 на: 07 Јули 2012, 05:04:30 am »
Tommy што се случи со твоето HTC ???
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Совет за телефон
« Одговори #291 на: 07 Јули 2012, 12:19:31 pm »
Си го зедов вчера.... КОНЕЧНО ...
Точно 30 дена откако е кај нив ...

Веќе добри 10-12 дена тој сопственикот ме влечеше на телефон, другарче утре ке ти биде, другарче сервисот ми рече за утре, другарче го нема главниот сервисер да го потпише налогот дека е поправен, оној е на одмор, ова било ...

Скоро 2 недели слушав веќе смешни изговори од сопственикот, и завчера конечно ми рече, имам црн нов, тој ке ти го дадам, дојди земи си го ....

И ајде, го барам вчера, еве сега другарче за 10 минути ке бидам пред дуќан ...

Тие 10 минути станаа 45 .... Ја лично многу мразам да чекам некој, и успутно да ме лаже ...


Е сега, доаѓа интересниот момент ...

Конечно се појави дасата, и ми го дава оригиналниот HTC, мојот, поправен ... ахам ...
Си мислам WTF, вчера едно, денес друго ... ај во ред...

Ми бара документ за идентификација, му давам лична карта ... и ми вади еден лист, напишан у WORD и ми вика, потпиши тука дека си го подигнал телефонот ...

И ја така, имајки "лоша" навика прво детално да прочитам што потпишувам, долу стои, ИЗЈАВА, Јас ________________ изјавувам дека продавам мобилен телефон ...

Чек бе малце дечко му викам ја, ја ова не можам да ти потпишам, овој документ не ти го потпишувам ...
Овде не пишува дека ти зимам телефон од поправка, туку дека ти продавам телефон ...

А бе другар, ја да се заштитам себе си, што ако дојде некој и ми каже кај ми е HTC-то? Ја телефонот му го предадов на работникот кој сега он го отпуштил ...
А бе, му викам, Не водите евиденција кој ви остава 500 Е телефони на поправка? Па не, немаме ...

Другарче, му викам, ја неам проблем да ти потпишам дека сум подигнал телефон од поправка, имам проблем со тоа што е наведено во тој твој Анекс договор ...

Добро, ми вика он, ај само стави твој потпис на бел лист хартија .... WTF БЕ?
Ми се идеше да го прашам, дали си бе ти нормален? Кој те научил така?

Го гледам и не ми се верува .... Тука почнаа да ми играат нервите више ...
Дечкото не успева да сфати дека ја немам проблем да му потпишам дека сум подигна телефон, туку дека имам проблем со потпишување на празни листови и непрочитани смешни договори, и пак зеде да ме убедува и да се натеза со мене со повишен тон ...

Викам, слушај, дај лист хартија, му напишав, јас тој и тој, со таа адреса, на тој ден имам подигнато HTC од сервис по претходно извршена поправка, и му се потпишав, може ли бе вака мајсторе?

Може...

Си го зедов телефонот, останав запрепастен од некултурата, глупавоста, непочитувањето спрема купувачот, несериозност, неангажираност ....
Не ми е јасно како му работи тоа дуќанот со таква бизнис етика ...

Сум соработувал со повеќе од 200 различни единици, со луѓе од целиот свет, со луѓе кои работат на високо стресни позиции ...

Ова прв пат го доживеав вчера .... Значи круна на простилак и несериозност ...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Совет за телефон
« Одговори #292 на: 07 Јули 2012, 12:46:46 pm »
фино да се знае какви неписмени мајмуни постојат:)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет за телефон
« Одговори #293 на: 07 Јули 2012, 13:46:00 pm »
На интернет да не не си приклучен?Пробај со рестарт на телефонот.Мора некак да ти даде да го пишеш точниот код.
Многу пати го исклучив и го уклучив, пак си бара код..

Извади ја батеријата, почекај 1-2 мин. врати ја и пробај.
Види дали си врзан на нет.
Ако не, прај му хард ресет.
Батеријата не се вади...Не сум врзан на нет (од телефонот), Крајно е да му направам хард ресет, али проблемот е што незнам како се прави тоа ресетот...


Си го зедов вчера.... КОНЕЧНО ...
Точно 30 дена откако е кај нив ...
Стариот си го зеде ??? имаше една страница го пишуваш имеи кодот и ти дава кој го произведил...Може ќе ти помогне да знаеш дали ќе е оргинал...Сега ќе ја побарам...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Совет за телефон
« Одговори #294 на: 07 Јули 2012, 14:36:27 pm »
Зашто не би бил оригинал? Телефонот работи екстремно брзо за разлика од фалцовите...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет за телефон
« Одговори #295 на: 07 Јули 2012, 14:41:45 pm »
а да..еве го http://imei-number.com/imei-number-lookup/ пиши го имеи кодот и тоа што е како код.. и ќе ти кажи иначе имеи кодот е на паковката од мобилниот...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за телефон
« Одговори #296 на: 07 Јули 2012, 14:51:17 pm »
Ајде бе, кажите дали се декодира One V...
Јебеш гаранција, ако се расипе ќе им го даам нека си играат дрн-дупка.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Совет за телефон
« Одговори #297 на: 07 Јули 2012, 15:29:45 pm »
Мартин, јави се, прашај http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/967893?searchID=8641104&Idx=1

Или јави се во Алфа Мобил

Suzuki за што телефон се работи?
Направи друг Гугл акаунт. На патернот, иди на Forgot Pattern, и врзи го со новиот акаунт колку да го отклучаш телефонот. После ќе можеш да го смениш акаунтот.
Мораш да бидеш врзан на нет.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет за телефон
« Одговори #298 на: 07 Јули 2012, 15:37:18 pm »
каде е тоа патерн ???

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Совет за телефон
« Одговори #299 на: 07 Јули 2012, 15:40:22 pm »
Патерн е шемата за отклучување, што ја уклучил брат ти како опција :)



Доле десно треба да кликнеш