Автор Тема: Искуства со сервисери на мобилни телефони  (Прочитано 3818 пати)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Купив телефон за братучед ми пред неколку месеци, како почетник во т.н. тач технологија, Алкател 903-та( не, не е во Крушево направен). Пред некој ден телефонот не сакал да се запали и го однел во сервис мобико. Таму му ја поништуваат гаранцијата со наводно паѓање во вода на истиот. Веројатно се испокарал таму па го одје*але. Го отворив телефонот денес, навистина сосема мали две точки исушена вода синкасто бело директно на конекторот флет кабел- дисплеј под заштитната фолија. Не е паѓан никаде не па во вода. Кондензација? Јес да вреди 0.5 долари телефонот, ама па и до толку да е сра%е. Чаре нов екран или овојпат поштено да го фрлам во вода? Не ми се оди во сервис да оправам нешто некој друг што зезнал од аспект што претходно мене не ме консултирал.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #1 на: 24 Ноември 2013, 11:38:10 am »
И да е кондензација би требало да работи откога ќе се исуши.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #2 на: 24 Ноември 2013, 11:44:17 am »
Суво беше барут внатре. Дава светло на екранот при палење, нема слика.

Отсутен Dr-Koljo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #3 на: 24 Ноември 2013, 13:45:18 pm »
Нов екран ќе ја заврши работата, а претпоставивам дека се работи за влага/кондензирање, ако не е паднат во вода.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4903
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #4 на: 24 Ноември 2013, 17:43:44 pm »
нели новиве телефони имаа стикер што станува црвен ако дојде во контакт со вода?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #5 на: 24 Ноември 2013, 17:49:00 pm »
да, ама на батеријата..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #6 на: 27 Ноември 2013, 09:36:41 am »
ако ги споредуваме мобико и видео дата, мобико се миљарда пати по професионални, по брзи и по наклонети кон интересите на клиентот.. еднаш веке реков, кога купувам било што (телефон во случајов) прашувам кој им е овластен сервиз. ако речат видео дата, таман да сум го посакувал ептен баш тој телефон, нема да го купам...

инаку со мобико имав и јас еднаш мала дешавка... ганц нов алкател от995, да речеме 1 месц стар, му го пукнав стакленцето од дисплејот... на е-бај тоа стакленце е 6 евра. јас отидов во мобико како овластен сервиз и фино си прашав, дали доколку кај нив го сменам стакленцето, гаранцијата и даље ке ми важи... добив потврден одговор...  го сменив за 30 евра кај нив.. после 6-7 месеци ми рикнува звучник, го носам телефонот таму и типкава на приемно што е е ми вика, незнам дали ке ти ја признаат гаранцијата, телефонот е поправан... е тука, ми се кренаа цревата, праење скандал од 3-4 минути пред сите, посочување на разлики во цени и одговорт даден од нив за гаранцијата... откако завршив со праењето скнадали,  тивко, без глас го примија телефонот, за 48 саати ми се јавија да си го земам поправен.. ама тоа само тогаш и само еднаш. а со видео дата безброј пати сум ја дотерал до скандалозни ситуации без никаков позитивен ефект... ги боли нив таму патлакот што ти немаш телефон, што ти не си крив и се друго по ред..

прегорен телефон, ми го држеа точно 29 дена (за 30 дена се мења со нов) пред да ми кажат дека не се поправа... и други телефони што сум ги носел таму за сервиз не биле задржани под 25 дена, а во мобико никогаш тоа не прошло повеке од 7-8 дена...  тоа им е рекорд...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1908
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #7 на: 27 Ноември 2013, 11:30:21 am »
Јас со ВидеоДата имам позитивно искуство и верувам дека е ретко. Го однесов апаратот во вторник на 1 час пред затворање, ми стигна порака во четврток 10ч сабајле да го земам. Најверојатно го имале делот на лагер а можда и на сервисерот му се погодил денот да го фати мојот апарат да го поправи. :D

Мора да поработат на репутацијата, сите досега што сум ги прашал за ВидеоДата сите имаат лошо искуство со нив.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43551
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со сервисери на мобилни телефони
« Одговори #8 на: 27 Ноември 2013, 11:31:42 am »
Мислам дека со видео дата немаат позитивно искуство ни тие што работат таму ;D ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.