Си го зедов вчера.... КОНЕЧНО ...
Точно 30 дена откако е кај нив ...
Веќе добри 10-12 дена тој сопственикот ме влечеше на телефон, другарче утре ке ти биде, другарче сервисот ми рече за утре, другарче го нема главниот сервисер да го потпише налогот дека е поправен, оној е на одмор, ова било ...
Скоро 2 недели слушав веќе смешни изговори од сопственикот, и завчера конечно ми рече, имам црн нов, тој ке ти го дадам, дојди земи си го ....
И ајде, го барам вчера, еве сега другарче за 10 минути ке бидам пред дуќан ...
Тие 10 минути станаа 45 .... Ја лично многу мразам да чекам некој, и успутно да ме лаже ...
Е сега, доаѓа интересниот момент ...
Конечно се појави дасата, и ми го дава оригиналниот HTC, мојот, поправен ... ахам ...
Си мислам WTF, вчера едно, денес друго ... ај во ред...
Ми бара документ за идентификација, му давам лична карта ... и ми вади еден лист, напишан у WORD и ми вика, потпиши тука дека си го подигнал телефонот ...
И ја така, имајки "лоша" навика прво детално да прочитам што потпишувам, долу стои, ИЗЈАВА, Јас ________________ изјавувам дека продавам мобилен телефон ...
Чек бе малце дечко му викам ја, ја ова не можам да ти потпишам, овој документ не ти го потпишувам ...
Овде не пишува дека ти зимам телефон од поправка, туку дека ти продавам телефон ...
А бе другар, ја да се заштитам себе си, што ако дојде некој и ми каже кај ми е HTC-то? Ја телефонот му го предадов на работникот кој сега он го отпуштил ...
А бе, му викам, Не водите евиденција кој ви остава 500 Е телефони на поправка? Па не, немаме ...
Другарче, му викам, ја неам проблем да ти потпишам дека сум подигнал телефон од поправка, имам проблем со тоа што е наведено во тој твој Анекс договор ...
Добро, ми вика он, ај само стави твој потпис на бел лист хартија .... WTF БЕ?
Ми се идеше да го прашам, дали си бе ти нормален? Кој те научил така?
Го гледам и не ми се верува .... Тука почнаа да ми играат нервите више ...
Дечкото не успева да сфати дека ја немам проблем да му потпишам дека сум подигна телефон, туку дека имам проблем со потпишување на празни листови и непрочитани смешни договори, и пак зеде да ме убедува и да се натеза со мене со повишен тон ...
Викам, слушај, дај лист хартија, му напишав, јас тој и тој, со таа адреса, на тој ден имам подигнато HTC од сервис по претходно извршена поправка, и му се потпишав, може ли бе вака мајсторе?
Може...
Си го зедов телефонот, останав запрепастен од некултурата, глупавоста, непочитувањето спрема купувачот, несериозност, неангажираност ....
Не ми е јасно како му работи тоа дуќанот со таква бизнис етика ...
Сум соработувал со повеќе од 200 различни единици, со луѓе од целиот свет, со луѓе кои работат на високо стресни позиции ...
Ова прв пат го доживеав вчера .... Значи круна на простилак и несериозност ...