Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 624357 пати)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2811
Само у оваа вукојебина може државата да ограничи цена на стан во централно градско подрачје. Ма да у Центар нема више маркици, Герасимовски буквално сите ги потпиша.

Сеа ќе си ги продадат тие 10% станбена површина на млади до 35 у фамилија, па ќе ги препродадат по пазарна.

Ако сакаш да помогнеш на млади луѓе да дојдат до дом, се купува голема површина земјоделско земјиште на 15км од центар, се урбанизира на парцели по 300м2, се градат типски куќи од 60-80-100-120м2 сува градба и се продаваат по цена на чинење. Или станови исто по цена на чинење. Се гради основно училиште, супермаркет, парк и игралиште. Се става филтер да не смее да се продаде имотот минимум 10 години и тераш.

Не треба ништо од ова државата да го регулира. Треба само да ги даде маркиците и да ја среди инфраструктурата за пристап до центарско подрачје, цените сами ќе се регулираат. Гледам дека се градат такви suburb населби низ Бардовци, проблемот е што инфраструктура (пат, училишта, итн) не се развива пропорционално.

Ова е Austin, Тексас, откако Тексас одобрија маркици за градење:


Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2645
Нормално дека не треба, уште во праисторија се тепале за пештерата кој да ја фати, него нема да му врне.

Земјиште околу Скопје има и тоа со пристап до автопат, така стои празно. Сега гледам конечно нешто во Хиподром почнаа да градат, им текна дека не мора да живеат во Карпош 1.

Само кај нас има субвенции за стан, таман да бидеме конечно Република Македонија Скопје. Утепај ја цела држава, стави се во Скопје и после генијално решение - субвенции за станови.

Иначе во Љубљана (омилената за споредба со Скопје, не знам само по кој основ) во центарот, помалите станови се над 10 илјади евра за метар квадратен. Не им текнално на словенците да даваат субвенции.