Едно прашање за сите со ЛЕД ленти по дома - како ви се приклучени?
Имено - имам/имав планирано да се пуштат кабли до таму каде ќе ставам ленти и да ги контролирам преку прекидач на ѕидот, ама се премислувам да ставам штекови, секако се сокриени места (позади на ТВ комодата (кон ѕидот позади), под островчето во кујна (кон подот), во ходникот над закачалките).
Освен ЛЕД лентата под горните елементи во кујната - таа ќе остане на кабел со физички прекидач. Можеби и таа во ходникот да остане со физички прекидач на ѕид.
Мислам дека со штекови ќе ги направам доста повеќе да се smart (затемнување, контрола преку smart plug во самиот штек, физичко далечинско за нив).