Прашање - дали да се стави подно греење во станов и колку би чинело? Дали и воопшто да ставам?
Пред некој ден видов во фејсбук пост од инвеститорот (за сосема друга зграда во изградба) како некој ставил подно греење, па ги прашав дали почнале да нудат (како што има за соларното), но сепак не, некој приватно си ставил додека зградата уште е во изградба.
Станува збор за стан на претпоследен спрат, со комшии под, над, лево и десно 
Колкава инвестиција е тоа 8-10.000 евра? За куќа да, за стан мислам дека непотребна инвестиција е, посебно ако има добра изолација зградата....
За удобност на подно греење спрема клима е неспоредливо (мразам клими, користам на лето само).
Живеам во стан, на ќош, два ѕида се кон северо-исток, со многу прозорци и тераса со целосно големо стакло... ама рехау генео 4к со 3 стакла.... со повеќе од солидна изолација на ѕидовите.... да, имам градско парно, но во спалните е намалено на околу 20%, дневната големото е скроз исклучено, кујната малото е на 40-50%. само во вц е појако за побрзо сушење на водата... надвор на минусни температури, дома е околу 24 степени дење/ноќе... Комшии што го откажале парното, се догреваат на клима, и тоа обично една 3.5 за цел стан и повеќе од доволно им е....
Сум живеел во станови со лоша изолација, и парното на максимум не било доволно... за куќа со ложа изолација да не правиме муабет,се гасело парното, за 30 минути камен ладно станувало...