Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 426061 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
[Ако спушташ плафон стави си и изолација, топлотна ако си на поткровје, или звучна ако си пониско

Каква звучна?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30448
    • CARclub.mk
Sound Blaster, Audigy ако најдеш. ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Sound Blaster, Audigy ако најдеш. ;D

Ништо тогаш, уште сум на Hercules Game Theater XP

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9132
  • Пичлеме
[Ако спушташ плафон стави си и изолација, топлотна ако си на поткровје, или звучна ако си пониско

Каква звучна?
Со волна за таа намена и гипс плочи за таа намена. Оваа е „поевтината“ варијанта.
Друга варијанта:
https://ldecibel.mk/zvucna-izolacija/

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11861
  • Архитект
[Ако спушташ плафон стави си и изолација, топлотна ако си на поткровје, или звучна ако си пониско

Каква звучна?

Ако не најдиш Audigy, тогаш пробај со камена волна + гипс табли Sonicboard од Кнауф
https://knauf.com/mk-MK/p/proizvod/sonicboard-plocha-12-5mm-14767_0117

Внимавај колку ќе спуштиш затоа што новиве згради не се нешто со висок плафон. Да не ти испадни ниско по дома.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Вчера зборев со агентката од инвеститорот.

Изгледа ќе може да ми ги исполнат барањата - електричарите да пуштат кабли до местата што ги имам одбрано за штекови, прекидачи за струја, тавански светла, трофазни кабли (за проточен и плотната во кујна), како и пуштени кабли до џамовите (за електрични ролетни).
Само треба да им дадам точни и детални локации по ѕидовите и таванот. И нормално - да си доплатам.

Но секако мислам дека ќе уштедам многу со плаќање кон нив наместо правење ова на готов стан:
- штемање на ѕидовите, пуштање кабли и глетување/фарбање
- спуштен плафон
- работна рака за електричари
- работна рака за гипсарите

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9132
  • Пичлеме
Секако дека ти е подобра опција да платиш на инвеститорот додека е во градба, штом се согласиле.
Доволно е заморно чекањето инвеститорот да заврши и да добијаш клучој.
Замарање отпосле пак со мајстори е напорно и секако ќе те кошта поскапо, како и шо спомна.
Земи ги ти клучојте и после позамарај се со мајстор за кујна и плакари по мерка, доволно е и тоа :)
И секако да искомбинираш нарачка на мебел од салоните, за некои ствари знај да се чека 2-3 месеци.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2444
Вчера зборев со агентката од инвеститорот.

Изгледа ќе може да ми ги исполнат барањата - електричарите да пуштат кабли до местата што ги имам одбрано за штекови, прекидачи за струја, тавански светла, трофазни кабли (за проточен и плотната во кујна), како и пуштени кабли до џамовите (за електрични ролетни).
Само треба да им дадам точни и детални локации по ѕидовите и таванот. И нормално - да си доплатам.

Но секако мислам дека ќе уштедам многу со плаќање кон нив наместо правење ова на готов стан:
- штемање на ѕидовите, пуштање кабли и глетување/фарбање
- спуштен плафон
- работна рака за електричари
- работна рака за гипсарите

Кога ќе завршат со ѕидање, земи креда и метро и обележи си каде ти требаат штекери и сл. Нема никаква причина да те одбие особено ако си доплатиш.  Размисли и за пред влезна врата за електронска брава итн.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Не сум сигурен за електронска брава, ама сигурен сум дека ќе ставам smart ѕвонче (веројатно Xiaomi).

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
  • Хюндай Тюсон
Малку посложена е работата од со креда. Јас во два стана сум менувал инсталации и си иде тоа прописно со писмено па ти даваат анекс допуна на договорот со нова цена па прифаќаш и после си имплементираат и надзорот треба да валидира според тој договор. Во еден случај еден штекер од тие променетите ми згрешија и се побунив си ископаа си средија се.
истотака во двата случаи поставувањето на трофазниот кабел и 32 амперски осигурачи идеше по друг начин бидејќи официјално не може да се стави во договорот.

Зависи со кој си фатил работа.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
  • Хюндай Тюсон
Поентата ми беше дека вака имаш документ каде што се обележани на скица и после ако згрешат ќе си средат. Ако е со креда кога ќе се измалтериса кредата нема да се познава.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2444
Поентата ми беше дека вака имаш документ каде што се обележани на скица и после ако згрешат ќе си средат. Ако е со креда кога ќе се измалтериса кредата нема да се познава.

Кабли се пуштаат кога е на цигла ваљда.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
  • Хюндай Тюсон

Намерно или случајно не се разбираме? Нормално кабли се пуштаат кога е на цигла ама ти со мајсторите ќе пушташ кабли или ќе видеш тек после кога е средено се?
И после ако некој штек не е таму каде што треба или наместо 3 ставиле 1 штек ќе им кажеш тука имаше со креда обележано?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Мене агентката така и ми кажа - направи еден документиран план со прецизна локација на кабли (ѕидни и тавански) што ги сакаш и испрати ми го/испечати ми го.

Јас имам цел Excel (еден sheet - една соба) направено со детални позиции:

- двоен штекер на XXcm од ѕидот од кујната кон дневната, на XXcm од подот
- двоен прекинувач за светло (двонасочен) на 20cm лево од влезната врата, 100cm од подот (лев тастер за плафоњерки, десен тастер за XX). Двонасочен прекинувач бидејќи сакам и на другата страна од претсобјето да ставам ист т.е да контролирам исти светла
- висечко светло на XXcm од тој ѕид и XXcm од тој ѕид
и тн.

Само рачуниците ми се направени по димензиите на станот во брошурата, ги има димензиите на секоја просторија во cm, ама ќе треба да премерам и таму кога ќе се изѕида и прегради внатрешно, па да ги прилагодам моите рачуници.
« Последно менување: 18 Февруари 2026, 16:02:53 pm balanar »