Намерно или случајно не се разбираме? Нормално кабли се пуштаат кога е на цигла ама ти со мајсторите ќе пушташ кабли или ќе видеш тек после кога е средено се?
И после ако некој штек не е таму каде што треба или наместо 3 ставиле 1 штек ќе им кажеш тука имаше со креда обележано?
Друже, ај вака да поедноставиме. Јас на мајстор му пуштив на слика како да ми намести плочка за дизајнот како да изглеа. Потоа го почекав и со плочката во раце уште еднаш му објаснив. ОБРАТНО ја стави. После имав опција да ја кршам плочката или да влегувам во тепачка. Одбрав да не се замарам. Друг дебил не поплави на невселен стан бидејќи “заборавил” да стави штопна. Дали стварно заборавил или си дужеле пари е друга приказ а. Немој да мислиш дека било кој мајстор сака паметување. Земи метро, земи креда, обележи и живеј го животот среќно и весело. Мајстор ако сака ќе те заебе и ќе испадне дека ти така си сакал.
Тука пак доаѓаме до она зависи со кого си фатил работа. Ако се мајсторите врзани со инвеститорот на лична основа, што сакаш прави.
Сум имал ситуација каде буквално не сум се замарал, а се било како што треба. Ама на старт сум се договорил со тој што требало да се договорам.