Секоја чест како им успева со црни пари да купат станови, вили, коли по 300,000 евра. На секој поголем внесен износ во банка ме малтретираат да потпишувам 300 формулари, те не си член на политичка партија, те дека не се илегални пари, те потекло.
Легално заработени со плата, што си ги извадив од банка 2012-та, спуштени во сеф во истата банка, се обидов да ги вратам на шалтер 7 години подоцна во друга банка, зашто станот што го купив во кој живеам, мора преку трансакциска да биде платен. На самиот шалтер дознав дека всушност глупата банкарска апликација ти дава(ше), не знам дали е сменето сега, само 3 години да вратиш наназад, нормално, тоа повлекување на пари од 2012-та го немаше никаде.
Па иди со барање кое се плаќаше 150 денари во првичната банка, да ти дадат извештај откако е отворена сметка, за да докажеш дека парите ти се од уплати на плата, и дека нема некој криминал.