Mожеби ке му се најде на некој од корист.. преземено од
:
Imotno-pravni i katastarski problemi ·
Почитувани членови, следачи и посетители на нашава голема и респектабилна група, сакам да ве известам дека секојдневно добивам пораки од нашите почитувани граѓани, во врска со различни ваши проблеми меѓу кои и следниов кој е многу актуелен:
Ме прашуваат многу граѓани и бараат помош од мене на кој начин да си ги решат имотно-правните проблеми во врска со приватизација на нивните катастарски парцели по разни основи, кои се наоѓаат најмногу на територијата на Градот Скопје а нивните предмети се распоредени низ подрачните одделенија за имотно правни работи низ цела држава.
Еве и јас самиот се прашувам како може на пример за парцели кои се наоѓаат во Општините Центар, Карпош, Аеродром, Чаир, Бутел, Кисела Вода, итн, да решава некој референт на пример од Македонски Брод, Неготино, Струга, Дебар, Пробиштип, Берово, итн? На кој ,,експерт" или тн ,,државен советник" или друг ,,владин функционер" му дошла на памет таква ,,брилијантна идеја"?
Јас лично сум одел со мои пријатели во некои подрачни одделенија при Управата за имотно правни работи, при Министерството за финансии, низ државава кои работат предмети од главниот град, за да прашаме до каде се предметите. Тие таму кутрите појма немаат што ги снашло и што треба да работат. Замислете референт од мало место кој не работел посложен предмет од приватизација на нива или дворно место во село или мало градче и наеднаш ,,оп" треба да решава предмет за приватизација на земјиште на пример во Центар или Карпош за деловен објект, колективна зграда, трговски центар, фабрика, итн, кои земјишта и објекти вредат милиони евра. Па тие уплав имаат од такви предмети. Не само од такви туку и за индивидуални објекти. Не е исто да решаваш предмет за дворно место на пример во Пехчево или за дворно место во Дебар Маало или Тафталиџе. Некои од тие службеници не ги виделе тие места и локации никогаш во својот живот а треба да решаваат за нив и за судбината на имотите на граѓаните во главниот град. Страшна работа, што се случува во државава. Замислете граѓаните од Скопје не можат да си завршат работа во нивната матична општина или нивното подрачно одделение и треба да вртат и бараат на телефон некој референт на пример од Струга. А од таму никој не се јавува ниту го интересира кој го бара. Па некои граѓани на свој трошок одат по подрачните одделенија или ја шетаат цела Македонија додека го најдат својот предмет или остварат контакт со референтот кој го работи предметот. Ако го најдат, па тој ќе им каже на пример: ,,видете јас немам доставено комплет документација од Скопје, или не е направен записник, или ти фали некој документ и така, дрн, дрн, до бескрај. Зошто земаат плата некои државни советници, или тн ,,експерти" од државата и народот, кои немаат поим за основните потреби за граѓаните кои ги плаќаат? Дали има некој во оваа држава стручен и свесен а кој е на висока функција за да се позанимава со оваа проблематика на граѓаните, или му е битно само ,,нишај врата и земај плата"? Граѓаните се толку изнемоштени и изморени од оваа тешка бирократија што веќе се доведени до тотален колапс, депресија и на праг на лудило. Ова е слично како на пример предмет за откуп на државно земјиште или дооформување на градежна парцела на територија на Општината Кисла Вода, заради зголемен обем на работа да се препрати на работа во Општина Дојран. За вас тоа е нормално? Па како тој референт на пример од Дојран ќе решава предмет од Кисела Вода? Можеби ќе треба да излезе со комисија на лице место и да види што има на таа парцела. Дали се исполнети законските услови за да се приватизира тоа државно земјиште, итн. Жалосно и трагично е да се тера мајтап со своите граѓани а потоа од нив да бараш гласови на избори. Откога ова правило се воведе се сменија 3 влади, кои ги предводеа различни партии, ама ниедна не смогна сила да им излезе во пресрет на граѓаните и да ги спаси граѓаните од оваа голгота, со тоа што ќе ги врати нивните предмети да се решаваат во нивните матични општини и подрачни одделенија. Подобро е еден референт да патува ако е веќе потребно во Скопје, отколку илјадници граѓани да ја вртат државава на свој трошок и повторно да тапкаат во место. Треба еднаш за секогаш да се разбере, без разлика кој е на власт и на државна функција, дека тие се сервис на граѓаните и треба чесно и заслужено да ги заработат нивните плати кои се од грбот на граѓаните. Не треба граѓаните на нив да им бидат слуги, туку треба да биде обратно (функционерите треба да им служат на граѓаните). Кога таа свест ќе проработи кај партиите и функционерите, и ќе почнат да работат посветено во правец за подобрување на животот и услугите на граѓаните, дури потоа ќе може да се каже дека сме созреани како опшество и држава да станеме дел од големото Европско семејство. Во спротивно се е ветер и магла и гола политика, која и понатаму ќе ги ,,протерува" и ,,брка" нашите граѓани (посебно младите) од државава, итн... 🥲
@сите